Стартува проектот „Ден со македонските водечки извршни директори“ под покровителство на претседателот Иванов
Понеделник, 26 Март 2018   

PRM_grbПод покровителство на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, а во организација на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, започнува реализацијата на проектот „Ден со македонските водечки извршни директори", што ќе се реализира во периодот од април до август 2018 година.

Главна цел на проектот е десет млади амбициозни луѓе од Македонија да поминат еден ден со македонските водечки извршни директори, со што ќе добијат ретка можност да се запознаат како изгледа работниот ден на еден врвен менаџер, да навлезат во процесите на водењето на компанија, да стекнат нови знаења, практични искуства и вештини кои ќе придонесат за развој на нивниот претприемачки дух.


CEO_1
CEO_2


  Back<<Назад