Стартува проектот „Ден со македонските водечки извршни директори“ под покровителство на претседателот Иванов
|
Monday, 26 March 2018 12:23
|
|
There are no translations available.
Под покровителство на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, а во организација на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, започнува реализацијата на проектот „Ден со македонските водечки извршни директори", што ќе се реализира во периодот од април до август 2018 година.
Главна цел на проектот е десет млади амбициозни луѓе од Македонија да поминат еден ден со македонските водечки извршни директори, со што ќе добијат ретка можност да се запознаат како изгледа работниот ден на еден врвен менаџер, да навлезат во процесите на водењето на компанија, да стекнат нови знаења, практични искуства и вештини кои ќе придонесат за развој на нивниот претприемачки дух.


|