Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес во катарскиот главен град Доха имаше средби со претставници на Катарскиот Инвестициски Фонд и на Катарскиот Образовен Фонд. - Овие средби се резултат на конкретизирање на работите што ги зборевме вчера со неговото височество емирот на Катар. На овој глобален форум кој по десети пат учествуват околу 60 земји, на средбата со Емирот му ги понудив оние конкретни работи што можеме ние како држава да ги понудиме на Катар, заедно со нашата Влада која веќе конкретно се зафаќа за прокети за кои можат да се најдат инвеститори во Катар. Денес овие предлози се конкретизираа на средбата со Катарскиот Инвестиционен Фонд. Високи претставници од тој фонд изјавија дека се заинтересирани да подржат конкретни проекти кој ние ќе ги понудиме. Разговорите се однесуваа на конкретните проекти и работи каде можат да најдат интерес инвеститорите од Катар, кои пред се ги интересира туризмот, инвестирањето во индустријата за храна, земјоделските производи и други производи кои недостасуваат во нивната земја - изјави Претседателот Иванов за медиумите по средбата со претставници на Катарскиот Инвестициски Фонд. За разговорите со Катарскиот Образовен Фонд, Претседателот Иванов додаде дека се отворени многу прашања од взаемен интерес. - Тука во Катар се присутни врвните американски универзитети и многу се вложува пред се во науката и во образованието. Од Катарскиот Фонд пројавија интерес да осознаат каква е состојбата во Македонија, како се развива високото образование, а особено за новите достигнувања во ИТ технологијата, бидејќи кај нив тоа е многу присутно. ТИе воедно пројавија интерес во сферата на културата и уметноста, каде може да има одредена соработка, а пред се ги интересираше дали нашите музејски постројки дали може да бидат присутни на нивниот простор. Едноставно со ова посета се отвараат многу сфери каде што имаме многу можности за соработка, така што нашата Влада веројатно ќе се ангажира сите овие остварени контакти и овие можности да бидат искористени за да можеме ние како земја да биедме присутни на овој простор а воедно и катарските инвеститори да дојдат во Македонија и да остварат профит - изјави Претседателот Иванов.
|