Претседателот Иванов изрази жалење за инцидентот со хуманитарниот конвој
|
|
Ние како земја секогаш сме го осудувале насилството и секогаш сме се залагале решенијата да се постигнуваат со дијалог. Секогаш поддржуваме да се доаѓа до мирни решенија за сите проблеми што постојат, изјави Претседателот Ѓорге Иванов по повод вчерашниот напад врз хуманитарен конвој од израелските специјалци во меѓународни води во близина на појасот Газа. Претседателот Иванов додаде дека инцидентот бил забележан и на Форумот во Доха во Катар. Претседателот во Катар учествува на Десеттиот Доха Форум, а во земјата има средби и со политичкиот и економскиот врв.
|