Активности на г-ѓа Маја Иванова за време на работната посета на претседателот Иванов на Државата Катар
Петок, 16 Јануари 2015   

MI_KatarВо рамки на посетата на Државата Катар, сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, оствари средба со директорот на Шафалах центарот за деца со посебни потреби, г. Мохамед Бадер Ал-Сада, како и сопругата на актуелниот емир на Државата Катар, Шеиката Џавахир бинт Хамад Ал Тани.

На двете средби г-ѓа Иванова искажа благодарност за можноста да ги презентира проектите и активностите во кои е вклучена и ги поддржува во Република Македонија.

На средбата со г. Мохамед Бадер Ал-Сада таа се осврна на остварената соработка со изминатиот период со претходното раководство на Шафалах центарот, се заблагодари за поддршката и искажа надеж дека воспоставената соработка ќе продолжи и во иднина преку проекти од заемен интерес на двете држави, размена на искуства, пренос на знаења, посети на експерти и научници. Г-ѓа Иванова побара да се интензивира соработката во делот на истражувањата за причините за појавата и ширењето на аутизмот кај децата уште во најрана фаза, што наиде на позитивен прием кај соговорниците.

На средбата со Шеиката Џавахир бинт Хамад Ал Тани, г-ѓа Иванова искажа благодарност за поддршката што Државата Катар и ја дава на Република Македонија, особено во делот на проекти од хуманитарната сфера, истакнувајќи ја помошта за Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Истовремено, таа упати срдечни поздрави до мајката на емирот, Шеика Мозах и искажа увереност дека поддршката и активностите започнати со не а ќе продолжат и во иднина.

 

Биографија

Првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник кој во слободното време пишува поезија. 

Повеќе

 

Фото галерија

Maja_fotogal