Г-ѓа Иванова со подршка на проектите „Летен камп на аутизмот“ и „Волонтеризмот во служба на аутизмот“
Вторник, 08 Јули 2014   

autizam_ohrid1Сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, денеска во Вилата Билјана во Охрид, ги прими учесниците на проектите „Летен камп на аутизмот" и „Волонтеризмот во служба на аутизмот", кои се организирани од Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет".

На средбата г-ѓа Иванова, беше запознаена со проектите „Летен камп на аутизмот" и „Волонтеризмот во служба на аутизмот", како и со планираните активности во рамките на двата проекти, кои имаат за цел развивање и унапредување на комуникациските и социјални вештини на децата со аутизам, како и за промовирање на толеранцијата и почитување на различноста и директна интеракција со луѓето кои имаат аутизам.

Како поддржувач на настаните кои се одржуваат за подигање на јавната свест за аутизмот и начините за справување со него, г-ѓа Маја ги поздрави активностите на здружението „Во мојот свет" и проектите „Летен камп на аутизмот" и „Волонтеризмот во служба на аутизмот". Овие проекти придонесуваат за подобрување на позицијата на децата со аутизам и нивно охрабрување во борбата со овој синдром. Г-ѓа Иванова уште еднаш ја искажа поддршката на претседателот Иванов и нејзината лична поддршка за сите активности и иницијативи што произлегуваат од оваа организации и од родителите на децата со аутизам.

Заблагодарувајќи се за приемот, претставниците на Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет", изразија задоволство од континуираните заложби и поддршка која ја добиваат од г-ѓа Иванова за нивните проекти, настани и иницијативи.

Проектот „Летен камп на аутизмот" кој се организира во периодот од 4-ти до 11-ти јули, во кој се опфатени 15 родители и 15 деца кои се засегнати со овој проблем, има за цел развивање на комуникациските и социјални вештини, како и примена на соодветни техники и терапии, кои ќе им помогнат на децата со аутизам и нивните семејства. Проектот пак „Волонтеризмот во служба на аутизмот" претставува продолжение на првиот проект кој се организираше во 2013 година и беше оценет како доста успешен младински проект на европско ниво. Овој проект претставува младинска размена која ќе поврзе 36 учесници, по 6 од 6те земји учесници, Македонија, Хрватска, Бугарија, Романија, Турција и Словенија, со што ќе се создаде можност да се срушат стереотипите и предрасудите и да се подигне свеста кај граѓаните за аутизмот.
autizam_ohrid2

 

Биографија

Првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник кој во слободното време пишува поезија. 

Повеќе

 

Фото галерија

Maja_fotogal