Маја Иванова: Да се обединиме во борбата против ракот на дојка
Сабота, 17 Мај 2014   

borka0Сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова денеска присуствуваше и ја поддржа хуманитарната манифестација „Напред розово 2014", во организација на здружението „Борка", посветена на борбата против ракот на дојката.

Во своето обраќање, г-ѓа Иванова искажа поддршка за розовата кампања на „Борка" за подигање на јавната свест во борбата против ракот на дојка.

„Со тоа, ние, всушност, даваме поддршка за семејствата и пријателите на заболените од рак на дојка. Даваме поддршка и благодарност на посветените лекари и медицински сестри кои секојдневно ја водат битката заедно со своите пациенти. Ја даваме нашата поддршка и благодарност до сите спонзори, донатори и пријатели на оваа кампања. Но, најголемата поддршка ја даваме на оние кои во овие моменти се соочуваат со болеста, оние имаат потреба од неизмерна поткрепа од сите нас. Да им помогнеме да го пребродат овој период и да излезат како вистински победници. И, денес, испраќам најискрени поздрави токму до нив, верувајќи дека догодина заедно со нас исправени и горди ќе ја изодиме розовата панделка исцртана на улиците на нашиот главен град. Нашите молитви и мисли се со вас", рече г-ѓа Иванова во своето обраќање.

borka1Во рамки на манифестацијата, г-ѓа Иванова учествуваше и на розовата прошетка, како дел од кампањата за подигање на свеста за борба против ракот на дојката.

„Розовата прошетка оваа година беше најавена од борките со зборовите,за сите кои решија да веруваат и за сите кои се осмелија да се борат. Денес, и јас ќе застанам со нив, и јас ќе бидам борка и јас гордо ќе пешачам со нив. Заедно ќе ја шириме розовата порака, ќе ја оформиме розовата панделка, и заедно ќе ја водиме борбата против ракот на дојка", рече г-ѓа Иванова.

Сопругата на Претседателот на Република Македонија ја поддржува оваа манифестација од самите почетоци, и воопшто ги поддржува сите активности на Здружението „Борка" со цел борба против ракот на дојка.

Поддршка на акцијата дадоа и амбасадорот на САД, г. Пол Волерс и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, г-ѓа Гордана Јанкуловска.

borka2

 

Биографија

Првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник кој во слободното време пишува поезија. 

Повеќе

 

Фото галерија

Maja_fotogal