
Шефовите на државите членки на НАТО ќе се сретнат утре и во понеделник, а долгорочната политика на отворени врати на алијансата, која гарантира членство на сите европски демократии, ќе биде ставена на тест со очекуваното членство на Република Македонија.
Со децении, членството во НАТО ветуваше мир и сигурност за нациите кои се пројавија од другата страна на Железната завеса. Но, иако македонските војници отслужуваат во Авганистан бранејќи ги портите на седиштето на НАТО во Кабул, нашата нација сеуште чека на прагот на алијансата на остварување на тоа ветување.
Македонија континуирано ја демонстрираше посветеноста на преку-атлантските безбедности интереси. Дури и сега нашиот парламент едногласно ги одобрува сите барања на НАТО за дополнителни воени трупи. Додека другите нации се повлекуваа, Македонците сé повеќе се вовлекуваа.
Нашата порака е едноставна: Ние ќе продолжиме да стоиме до американските и НАТО трупи, без приговори, сé додека сме потребни.
Како еден од најголемите придонесувачи на мисијата во Авганистан, пропорционално со бројот на жители, Македонија сериозно инвестираше во резултатот од дебатата за таа нација. Оттаму, повеќе би преферирале да учествуваме во таа конверзација како НАТО членка, отколку да ја набљудуваме како публика. И како нација присутна на теренот, но сеуште без глас во мисијата, Република Македонија верува дека проширувањето на НАТО ќе има заслужено место на агендата на самитот во Чикаго.
Теоретски, патот кон НАТО членство е јасен: Секоја европска демократија која ги исполнува критериумите за членство – како зајакнување на владеењето на правото, обезбедување слободна на медиумите, борба со корупцијата и одржување слободни и фер избори – ќе биде поканета за се приклучи на алијансата. Сепак, за Република Македонија овој пат беше полн со неочекувани пресврти и пречки.
На самитот на НАТО во Букурешт во 2008, членките на алијансата едногласно се согласија дека Македонија го испони секој услов за членство. Но, и покрај тој консензус, влезот на Македонија во НАТО беше ставен под вето од страна на Грција, поради повеќегодишниот спор околу името на нашата земја. И само поради таа една причина, Макеоднија останува на прагот на НАТО.
Нашите правни позиции беа потвредени со скорешната пресуда на Меѓународниот суд на правдата која наведува дека Грција во 2008 година го прекрши меѓународното право. Нашата нација, пак, ги поздрави чекорите на Конгресот на САД – имено, воведувањето на Актот за проширување на НАТО од 2012, како и повикот од страна на 54 членови на Конгресот до претседателот Барак Обама да го поддржи македонското членство во НАТО во Чикаго. И во други НАТО престолнини, исто така, има растечки консензус дека Македонија не треба да биде безпотребно попречувана да се приклучи на Алијансата.
Македонија може да го земе своето заслужено место во НАТО доколку Грција ја едноставно ја испочитува Времената спогодба од 1995 година, склучена со поддршка на американските власти и помогната од Ричард Холбрук, со која Грција се обврза да не го попречува македонското членство во меѓународни организации под времената референца.
Македонија останува силно посветена на изнаоѓање трајно, заемно прифатливо решение за спорот за името, и ќе продолжи да работи кон постигнување договор кој во исто време ќе ги зачува нашиот национален идентитет и достоинство, воедно имајќи ги во вид и грчките интереси. Но, состојбата на статус кво во врска со нашата апликација за членство во НАТО е неодржлива, како за нашата земја, така и за регионот и за Алијансата.
Таа состојба не е одржлива ниту за САД. Република Македонија е на другата страна на светот, но нашата ситуација директно ги засега националните безбедносни интереси на САД. Повеќе од две децении, САД значително инвестираат во стабилноста на југоисточна Европа. Конгресот и последователните администрации, во конинуитет го признаваат значењето на НАТО проширувањето, и го поддржуваат брзиот прием на сите демократски европски држави кои ги исполнуваат потребните критериуми.
Сепак во практика, членството на Македонија од 2008 наваму, беше предмет на интерпретација на само една нација. Оваа безизлезна ситуација успеа да ги затвори вратите на НАТО за нас, и на долг рок ја поткопува тешко стекнатата стабилност во југоисточна Европа. Македонија, заедно со други балкански нации, е подготвена, има волја и капацитет еднакво да придонесува во безбедноста на Европа. Се надеваме дека НАТО лидерите во Чикаго ќе успеат барем да обезбедат непречен пат за нашето членство. Сите земји аспиранти, но и сите земји-членки, ќе изгубат доколку НАТО одлучи да ја држи својата врата затворена.
--Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија
Пристапете кон интервјуто преку порталот на Chicago Tribune.
Copyright © 2012, Chicago Tribune
|