Сочувство од Претседателот Иванов по повод трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово
Среда, 13 Февруари 2019   

PRMportretПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати сочувство до семејствата на загинатите патници во трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово.

Почитувани,

Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје - Тетово, што се случи попладнево.

Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со нив. На повредените им посакувам што побрзо закрепнување.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад