Средба со потпретседателот на Владата на Република Хрватска и министер за одбрана, г. Дамир Крстичевиќ
Вторник, 05 Февруари 2019   

mo_hrvatska_3Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со потпретседателот на Владата на Република Хрватска и министер за одбрана, г. Дамир Крстичевиќ.

На средбата беше изразено задоволство од досегашниот развој на севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска и беше искажан интерес за унапредување на соработката особено во сферата на економијата, инфраструктурата и регионалната соработка.

Претседателот Иванов ги поздрави напорите за натамошно продлабочување на билатералната соработка во сферата на одбраната, преку реализација на заеднички проекти и активности, како и тековната соработка во доменот на обуката, едукацијата и заедничко учество во меѓународните мисии.

Двајцата соговорници разменија мислења и за надворешно политичките приоритети на Република Македонија. Во тој контекст, македонскиот претседател изрази очекување дека принципиелната поддршка од Република Хрватска ќе продолжи и во иднина.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во двете земји како и за тековните случувања и предизвици со кои се соочува регионот и Европа.

  Back<<Назад