Сочувство од претседателот Иванов по повод смртта на Џорџ Х. В. Буш, поранешен претседател на САД
Сабота, 01 Декември 2018   

PRMportretПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до Џорџ В. Буш, поранешен Претседател на Соединетите Американски Држави, по повод смртта на неговиот татко, Џорџ Х. В. Буш, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави.

Почитуван господине Претседател,

Со длабоко жалење ја примивме веста за смртта на Вашиот татко Почитуваниот Џорџ Х. В. Буш, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави.

По тој повод, дозволете ми, во мое лично име, како и во името на граѓаните на Република Македонија, да ги упатам изразите на нашето длабоко сочувство и искрено жалење за Вашата загуба.

Името на Претседателот Буш ќе остане длабоко врежано во сеќавањето на македонските граѓани. Граѓаните на Република Македонија ќе го паметат како голем пријател и поддржувач на нашата земја, во време кога се соочувавме со сериозни предизвици и големи искушенија. Соединетите Американски Држави под водството на Џорџ Х. В. Буш ја поддржаа одлуката на македонските граѓани за самоопределување и прогласување на независна и суверена држава. Таа политика беше дополнително унапредена под Ваше водство кога донесовте принципиелна одлука да го признаете уставното име Република Македонија. Република Македонија и македонските граѓани никогаш не ги забораваат своите пријатели.

Ние му остануваме благодарни и за посветеноста кон зачувување и зајакнување на пријателството и соработката меѓу нашите две земји и народи.

Нека почива во мир.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад