Проштална средба на претседателот Иванов со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. г-ѓа Лепа Бабиќ
Четврток, 18 Октомври 2018   

Prostalna_BiX_1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска на проштална средба ја прими Н.Е. г-ѓа Лепа Бабиќ, амбасадор на Босна и Херцеговина во Република Македонија.

На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од досегашниот развој на односите и на соработката меѓу двете држави, кои ги карактеризира традиционално пријателство, идентична визија и приоритети за развојот на меѓународната и регионалната соработка, како и заемни стратегиски цели – мир и стабилност во регионот, членство во европските и евроатлантските структури.

Амбасадорката Бабиќ изрази уверување дека Босна и Херцеговина ќе продолжи да биде партнер на Република Македонија во постигнувањето на стратешките цели, се заблагодари за укажаното гостопримство во текот на нејзиниот мандат како амбасадор и изрази задоволство од соработката со сите македонски институции.

Претседателот Иванов изрази благодарност за придонесот на амбасадорката Бабиќ во градењето на одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, посакувајќи и успех во натамошната кариера.

  Back<<Назад