Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов никогаш не поддржувал инциденти и говор на омраза.
Жалиме што денеска владината делегацијата беше исвиркана на одбележувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но сметаме дека тоа на ниту еден начин не беше предизвикано од пораките упатени од претседателот Иванов.
Владата на Република Македонија треба самата да се запраша зошто македонскиот народ на тој начин реагира кон владините претставници и да превземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците.
|