Писмо со сочувство до претседателот на Република Грција, г. Прокопис Павлопулос, по повод катастрофалните пожари
Вторник, 24 Јули 2018   

PRM_socustvoПочитуван Претседателе,

Со длабоко жалење ја примив веста за катастрофалните пожари кои го погодија регионот на Атина и предизвикаа вистинска трагедија во Вашата земја. Искрено жалам за загубените животи од оваа ужасна непогода.

Дозволете ми, во овие моменти на национална тага, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство.

Ве молам, Ваша Екселенцијо, изразите на сочувство да ги пренесете до роднините и блиските на трагично загинатите од оваа голема трагедија.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад