Честитика од претседателот Иванов по повод празникот Рамазан-бајрам | |
|
Почитуван реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија да Ви упатам честитки по повод празникот Рамазан-бајрам. Рамазан е време на пост, солидарност, добрина и простување. Овие моменти се потсетник на основните човекови вредности, потсетник дека треба да си помагаме едни со други и да се воздржуваме од лоши мисли, a толеранцијата да биде мост меѓу сите граѓани во нашата држава. Македонија секогаш била пример за соживот, почит и разбирање. Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво, бидејќи само заедно, искрени и сплотени ќе може да создаваме дела на кои ќе се гордеат идните генерации. Во духот на празникот, Ви упатувам честитки со желби за лична среќа и духовен мир, а на сите припадници на исламската вероисповед во земјава им посакувам благосостојба, љубов и бериќет. Честит Бајрам – Бајрам Мубарек! д-р Ѓорге Иванов
|