Средба на претседателот Иванов со министерот за надворешни работи, г. Никола Димитров
Понеделник, 02 Април 2018   

KabinetPRMПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Никола Димитров, министер за надворешни работи на Република Македонија.

На средбата министерот Димитров го информираше претседателот Иванов за последната средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, г. Никос Коѕиас и со амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името, одржана на 30 март 2018 година во Виена.

  Back<<Назад