Средба со Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - „Македон“
|
Четврток, 08 Февруари 2018
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска прими делегација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - „Македон" и секретаријатот на Петтата светска средба на децата бегалци. На средбата, тие го запознаа претседателот Иванов со подготовките за Петтата светска средба на децата бегалци што ќе се одржи од 30 јуни до 2 јули годинава.
|