Писмо со сочувство до Претседателот на Република Грција, г. Прокопис Павлопулос, по повод катастрофалните поплави
Четврток, 16 Ноември 2017   

PRM_socustvoПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до Претседателот на Република Грција, г. Прокопис Павлопулос, по повод катастрофалните поплави во неколку градови во Република Грција.

Ваша Екселенцијо,

Со жалење ја примив веста за катастрофалните поплави кои ги погодија градовите Мандра, Неа Перамос и Мегара и предизвикаа вистинска трагедија во Вашата земја. Искрено жалам за загубените животи од оваа ужасна природна непогода.

Нема соодветни зборови кои ќе ја намалат Вашата и тагата на граѓаните на Република Грција, но дозволете ми, од име на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви ги пренесам изразите на длабоко сочувство.

Воедно, Ве молам, Ваша Екселенцијо, да го пренесете моето најдлабоко сочувство до семејствата на настраданите.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад