Прием на претставници од организациониот одбор на конференцијата „Жени во енергетиката"
Среда, 06 Јуни 2018   

ZeniVoEnergetikataПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими организаторите и дел од учесниците на конференцијата „Жени во енергетиката", која е во организација на Асоцијацијата на здруженија на инженери-Инженерска институција на Македонија и „ЕВН Македонија".

На средбата беше разговарано за целите на конференцијата, за подигањето на свеста за важноста на рамноправната застапеност на жените во енергетскиот сектор, идентикувањето стратегии и програми кои ќе придонесат кон родов баланс.

Претседателот Иванов го поздрави одржувањето на конференцијата истакнувајќи дека ваквите настани ќе ги охрабрат жените, особено младите девојки кои се на почеток на своите кариери, преку својот личен успех во областа на енергетиката, да придонесат во унапредувањето на оваа област во земјава.

Присутните организатори и учесници на средбата го информираа претседателот Иванов за значењето на конференцијата која што претставува плафторма за размена на знаења и искуства меѓу лидерите и професионалците од енергетиката, образованието и државните институции, а преку успешни приказни на жени-инженери се мотивираат младите да постигнат успех и напредок во кариерата.

На конференцијата учествуваа претставници од универзитети, бизнис заедницата, меѓународни и регионални организации, државни институции и професионални организации од 12 земји членки на Централно Европската Иницијатива кои што работат во енергетскиот сектор.

  Back<<Назад