Претседателот Иванов присуствуваше на одбележувањето на христијанскиот празник Св. Атанасиј Велики во Тетово
Среда, 31 Јануари 2018   

Sv._Atanasij_Veliki_01Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ја посети црквата „Св. Атанасиј" во Тетово, по повод одбележувањето на големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики.

Во црквата се одржа света божествена литургија со која чиноначалствуваа Протојереј-Ставрофор Мирко Станкоски и протојереј Дарко Наумоски којшто на присутните верници им посака мир, слога, љубов и благосостојба.

По повод празникот беше одржана и церемонија на осветување на празничниот колач, а потоа беа избрани кумовите за идната година.

Претседателот Иванов на присутните верници им го честита празникот Св. Атанасиј Велики и им посака здравје, радост и бериќет.

Во црквата на тетовското Кале која датира од крајот на осмиот век, традиционално се прославува христијанскиот празник Св. Атанасиј Велики. Според различни историски извори, црквата „Свети Атанасиј" претставува еден од најстарите христијански црковни споменици во овој дел од Македонија.
Sv._Atanasij_Veliki_02

  Back<<Назад