Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов го одликуваше поранешниот министер за надворешни работи на Кралството Данска Уфе Елеман Јенсен со Орденот ‘’8 септември’’, за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Кралството Данска, како и заради неговиот придонес во јакнењето на меѓународната положба и углед на Република Македонија. Претседателот Иванов, на доделувањето, го истакна личниот придонес на министерот Јенсен во воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете држави, како и за неговата наклонетост, внимание и континуирана поддршка на Република Македонија.
|