Претседателот Кучан на Претседателот Иванов му додели збирка на книги
|
Понеделник, 14 Декември 2009
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска се сретна со поранешниот Претседател на Република Словенија, Милан Кучан. По повод одбележувањето на денот на независноста на Република Словенија, Претседателот Кучан на Претседателот Иванов му ја додели збирката “Iconotheca Valvasoriana” составена од 17 книги што претставува најголем научен проект на Република Словенија. На доделувањето на импозантната збирка Претседателот Иванов изрази благодарност затоа што Македонија е една од ретките земји кои што ја добиле збирката “Iconotheca Valvasoriana” - националното богатство на Република Словенија. Се заблагодари и за словенечката поддршка на Македонија во евроинтегративните процеси, како и за забрзувањето на визната либерализација. „Европа ја имаме и на нашиот простор. Ја имаме онаа Европа која пред неколку века била многу пообединета и многу посолидарна од денешна Европа. Се толерирале разликите, се почитувало она што е вредно и се складирало она што треба да остане за идните поколенија“, нагласи Претседателот Иванов. Поранешниот словенечки Претседател Кучан посочи дека Европа ќе има иднина само ако ги признава различностите на идентитетите и културата. Претседателот Кучан потенцираше дека името, јазикот и идентитетот се суверено право на секој народ, што никој не смее да го оспорува. Европа ќе има иднина само ако ја признава различноста на идентитетите и културите, или идејата за обединета Европа ќе ја нема. Збирката „Iconotheca Valvasoriana“, претставува колекција од европски графики од Јанез Вајкард Валвазор (1641-1693). Збирката е составена од 17 тома во големи формати и содржи 7.752 научно-критички обработени факсимили од графики и цртежи од врвни европски научници и уметници од 15, 16 и 17 век. Збирката „Iconotheca Valvasoriana“ ќе се чува во претседателската библиотеката и ќе биде достапна за научниците работници
|