header

header_peperut_-_Copy3

Г-ѓа Иванова им подари новогодишни пакетчиња на децата во Клиниката за детски болести
Вторник, 31 Декември 2013   

klinika1Сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, денеска ја посети Клиниката за детски болести во Скопје, каде заедно со членовите на Алумни асоцијацијата на Иванов Школата за млади лидери (ИСЛАА) на децата кои се лекуваат на клиниката им подели новогодишни пакетчиња, сликовници, како и играчки изработени од нивни врсници од градинките ширум Македонија, во рамки на хуманитарната акција „Прегратка на дар“.

Овде сме за да им подариме пакетчиња на децата кои новогодишната ноќ ќе ја поминат во болница, но во силните раце на персоналот. Ова се празнични денови, кога се подарува љубов и се искажува нашата поддршка на оние на кои им е најпотребна. Сите деца имаат свои копнежи, соништа и желби. Верувам дека децата што се на оваа клиника имаат една желба-да оздрават и да се вратат во прегратките на своето семејство, истакна Иванова. Воедно, првата дама во името на нејзиниот сопруг, претседателот Иванов, и во името на нивниот син Иван им ја честиташе новата 2014 година,  им посака што побргу да оздрават, и да им се остварат сите соништа и желби.
Директорка на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова истакна дека имаат деца кои не можеле за Новата година да бидат дома и оти заедно ќе ја пречекаат 2014. Оваа година со сопругата на претседателот, Маја Иванова направивме klinika2револуцијата на Клиниката и колку што можеме ја враќаме насмевката на дечињата кои мораат да се дружат со лекарите, рече Софијанова. Емилија Џуровска, проектен координатор на хуманитарната акција „Прегратка на дар“ потсети акцијата има за цел да внесе хуманост уште во раните возрасти кај децата во градинките кои рачно изработуваат играчки за нивните другарчиња кои се принудени за време на празниците да останат во болница. „Прегратка на дар“ веќе трета година ги развеселува децата низ болниците со рачно изработени играчки од нивните другарчиња од градинките низ цела Македонија, посочи Џуровска.

 

Биографија

Првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник кој во слободното време пишува поезија. 

Повеќе

 

Фото галерија

Maja_fotogal