Новогодишни пакетчиња од г-ѓа Маја Иванова за децата со церебрална парализа во Велес
Петок, 27 Декември 2013   

veles4На покана на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес, сопругата на претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, денеска подари новогодишни пакетчиња на децата со церебрална парализа во Велес, по повод новогодишните и божиќните празници,

Ова се празнични денови кога секој од нас ја покажува својата благородност, својата хуманост, празнични денови кога се подарува љубов, кога, како што старите велат, со убаво се испраќа старата, а уште поубаво и повесело се дочекува Новата година, рече г-ѓа Иванова.

Првата дама во името на нејзиниот сопруг, претседателот Иванов, и во името на нивниот син Иван им ја честиташе новата 2014 година и им посака многу здравје, многу среќа, многу радости и многу убавини на децата со церебрална парализа во Велес.

Овие деца, за коишто сме денеска овде, имаат свои копнежи, свои соништа, свои желби, како што има моето дете и како што имаат сите други деца. Затоа, од срце посакувам овие копнежи, овие радости, овие нивни желби и соништа да се остварат во наредната година. Да нема повеќе солзи, туку да има само насмевки на вашите лица. Ви посакувам се најубаво во новата година, изјави г-ѓа Маја Иванова.

veles3

 

Биографија

Првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник кој во слободното време пишува поезија. 

Повеќе

 

Фото галерија

Maja_fotogal