News
alt
Личниот придонес за нов дух во односите, позитивен сигнал и до двете општества – Средба со бугарскиот Претседател Прванов во Софија
Saturday, 28 May 2011 15:59
There are no translations available.

Во исклучително пријателска и конструктивна атмосфера, денеска на средбата помеѓу Претседателот д-р Ѓорге Иванов и неговиот бугарски колега Георги Прванов, беа разменети информации и мислења на повеќе теми.

Претседателот на Република Бугарија Прванов го оцени позитивно досегашниот развој на односите со Република Макеоднија, посочувајќи дека Бугарија е подготвена за натамошно продлабочување на соработката и ја поддржува македонската евро-атлантската интеграција.

На интерес на Парванов, Претседателот Иванов го информираше својот колега за актуелностите во процесот на надминување на разликата за името со јужниот сосед. Претседателот Прванов нагласи дека Бугарија посакува билатералното прашање помеѓу Македонија и Грција да биде што поскоро затворено на заемно прифатлив начин, што ќе овозможи Република Македонија конечно да го заземе своето место во Алијансата.

Претседателот Иванов нагласи дека високо го цени фактот што Република Бугарија беше првата земја која ја призна Македонија под уставното име, за што Македонија на соодветен начин оддаде признание со одликување на поранешниот претседател на Бугарија, Жељу  Жељев. Тој воедно го изрази своето задоволство што сега, во пресрет на 20-годишницата од независноста на РМ, двете земји имаат изградено стабилни односи на добрососедство, пријателство, заемна поддршка и разбирање.

alt

Поддршката од сосед и пријател во напорите за следната фаза од ЕУ интеграцијата – одредување датум за почеток на пристапните преговори – е она кое Република Македонија и нејзините граѓани го очекуваат од Бугарија, истакна Претседателот Иванов. Тој, исто така, нагласи дека претстојни избори во Република Македонија се уште една можност за потврдување на демократската зрелост и потенцијал на земјата, со што ќе се потврди и приврзаноста кон евро-атланстките вредности и придобивки.

Претседателот Иванов го информираше бугарскиот колега Прванов и за економските состојби во Македонија. Заемен заклучок беше дека реална и блиска европска интеграција, инфраструктурно поврзување и обезбедување енергетска стабилност, се клучните приоритети за сите земји од регионот, со чие навремено исполнување истиот ќе добие нов лик и поголема перспектива.

Двајцата претседатели ја искажаа својата подготвеност за натамошна тесна и конструктивна соработка, бидејќи личните контакти и примери на замено почитување, разбирање и соработка од највисоко ниво, генерираат позитивен импулс до двете општества, но упатуваат и порака до европските лидери за новата реалност на нашиот регион. 

Како завршница на средбата беше договорено следната средба меѓу Иванов и Прванов да се реализира во Република Македонија, по што двајцата претседатели имаа заедничка прошетка низ центарот на Софија.

alt
Обама се заложи за надминување на спорот со името – заедничка работна вечера на централно-европските претседатели на состанокот во Варшава
Saturday, 28 May 2011 11:26
There are no translations available.

Самитот во Варшава овозможи да се сретнат и разменат европските перспективи и позициите на Соединетите Американски држави во однос на бројни суштински прашања, а во рамките на заедничката работна вечера на 20-те претседатели од централна Европа и Претседателот на САД, Барак Обама.

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов ги образложи аргументите кои Република Македонија ја поставуваат во незавидна позиција – како единствена земја која беше дополнително условена при приемот во ООН,  и повторно условена, настрана од критериумите, во евро-интеграциските процеси, со ирационална бариера.

Република Македонија, како што нагласи Претседателот Иванов, како единствената земја која го трасираше својот пат настрана од војните и конфликите на поранешните југословенски простори, ги спроведе сите неопходни реформи и ги исполни сите критериуми за полноправно членство во НАТО и за интеграција во ЕУ. Македонија успеа да изгради уникатен модел на соживот и демократски напредок, водена секогаш според начелата на дијалог и соработка, поставувајќи пример за стабилност во регионот.

Ова се дел од пораките кои Претседателот Иванов ги презентира пред своите европски колеги и американскиот претседател Обама, нагласувајќи дека Македонија континуирано покажува конструктивност и е спремна за решавање на спорот со името. Таква спремност се очекува и од Грција.

alt

Претседателот на САД Барак Обама  во овој контекст нагласи дека сите земји во централно-европскиот регион се соочуваат со засебни но слични проблеми - политички, етнички, економски, но она што е најбитно е проблемите да се решаваат на мирен начин, преку суштински дијалог.

Секогаш кога ќе се сретнам со македонскиот претседател разговараме за проблемот со името, рече Обама ветувајќи ја неговата заложба за решавање на овој проблем и спремност повторно да разговара и со двете страни. 

Претседателот на САД Обама ги поздрави вкупните резултати и напредокот на земјите од Централна и Источна Европа, потсетувајќи дека најважно е вратите на соработката да останат отворени – за достигнување на заедничките вредности и вклучување во НАТО и Европската унија. Обама посочи дека е информиран за состојбите во регионот и неговата главна порака за европските земји е да бидат горди на прогресот и да работат заедно со САД во насока на јакнење на демократијата и постигнување на заедничките цели.

Работната вечера на европските претседатели и специјалниот гостин Претседателот Обама, во рамки на Состанокот кој вчера и денес се одржува во Варшава, се заокружи во отворена атмосфера и продуктивна дебата . Акцентот на дискусиите, покрај наведеното, беше исто така и на можностите за помош во демократизацијата на источните земји и северна Африка, како и интеграцијата на Балканот.

alt
Претседателот Иванов во Варшава бара решителност и лидерство од Европските партнери - Средба со Германскиот претседател Кристијан Вулф
Friday, 27 May 2011 14:10
There are no translations available.

Во рамките на 17-тиот состанок на претседателите од Централна Европа кој денеска се одржува во Варшава, Претседателот д-р Ѓорге Иванов оствари билатерална средба со германскиот сојузен претседател, Кристијан Вулф.

„Градењето односи на пријателство и соработка со Сојузна Република Германија е меѓу највисоките приоритети на Република Македонија во надворешната политика,“ истакна Претседателот Иванов, додавајќи дека поддршката од Германија за нашите стратешки цели – членство во ЕУ и НАТО – е од исклучително значење.

Запознавајќи го својот германски колега со позициите, конструктивноста, напорите и интересот на Република Македонија за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името со Грција и деблокада на интеграциите, Претседателот Иванов побара поддршка за Македонија на претстојниот Европски Совет за отпочнување на преговарачкиот процес за пристапување кон ЕУ. Во тој конткест македонскиот претседател потенцира дека одредувањето на датум за старт на преговорите е значајно за Република Македонија и реформските процеси, но исто така, особено значајно за регионот, но и за кредибилитетот на проширувањето, нагласувајќи дека со таков исход ќе добие и Европа.

Германскиот претседател Кристијан Вулф изрази висока почит за реформите и достигнувањата на Република Македонија и, како што нагласи, претстојните избори се уште една можност за потврдување на демократскиот капацитет на земјата.

„Европската унија треба да ги продолжи своите напори за интеграција на Република Македонија и Западен Балкан. Тоа е прашање на праведност и прашање на кредибилитет на земјите членки,“ altрече Претседателот Вулф дополнувајќи дека Германија посакува Македонија и Грција час поскоро да дојдат до заемно прифатливо решение за проблемот. Во интерес на Сојузна Република Германија и на Европската Унија е целосна стабилност и просперитет на Балканот, во што Република Македонија има исклучителна улога, истакна Вулф.

Претседателот Иванов ја реафирмираше отворената покана за возвратна официјална посета на Претседателот на Сојузна Република Германија на Република Македонија, исто така доби покана повторно да ја посети Германија.

Во рамки на својот престој во Варшава на Состанокот на претседателите од Централна Европа, Претседателот Иванов се очекува попладнево да оствари билатерална средба и со Претседателот на Словачка, Иван Гашпарович.

Вечерва сите присутни европски претседатели ќе остварат заедничка вечера со Претседателот на САД, Барак Обама, при што утврдените теми на разговор ќе се фокусираат на искуствата на централно-европските земји во процесите на демократизација, развојот и стабилноста во Европа, како и импликациите од револуциите на Средниот Исток и Северна Африка и поддршката која САД и Европа ја насочуваат во демократската транзиција на земјите од овие региони.
 

 
Start < Prev 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Next > End
Page 165 of 198