News
prm_rakometari
Посета на македонските ракометари пред Европското првенство во Полска
Tuesday, 12 January 2016 11:26
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во салата „Јане Сандански", ја посети Македонската машка ракометна репрезентација која ќе настапи на Европското првенство во ракомет, што од 15 до 31 јануари 2016 ќе се одржи во Полска.

Претседателот Иванов на македонските репрезентативци им посака многу успех и спортска среќа, како и достојно претставување на нашата држава за време ракометното првенство. Тој им порача дека цела Македонија како и секогаш, сплотено ќе навива и со нетрпение ќе ги очекува натпреварите на нашата репрезентација.

Во знак на континуирана поддршка, македонскиот претседател им подари државно знаме, а репрезентативците му возвратија со дрес на ракометната репрезентација. Тие се заблагодарија за присуството на претседателот Иванов, и ветија добра игра како и храбро и достојно бранење на боите на националниот дрес.

Македонската репрезентација денеска го одржа последен тренинг пред нивното утрешно заминување во Краков, Полска, каде што од петок ги почнуваат натпреварите од групната фаза на Европското првенство во ракомет.
prm_rakometari_1

badnik1
Бадник во домот на претседателот Иванов
Wednesday, 06 January 2016 13:50
There are no translations available.

Претставници на Специјална олимпијада Македонија денеска беа на бадникова трпеза со семејството на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во нивниот дом во резиденцијата „Македонија".

Дванаесет олимпијци беа пречекани од претседателот Иванов, неговата сопруга г-ѓа Маја и синот Иван, кои на гостите им посакаа и идни спортски успеси, какви што постигнаа на Летните игри на Специјалната олимпијада во Лос Анџелес во август минатата година. Тие по враќањето од САД имаа средба со претседателот Иванов во Охрид.

„Тогаш ви ветивме дека за Бадник и Божик ќе бидете гости во нашиот дом. Ви посакувам добредојде од целото мое семејство, од сопругот и од синот Иван. Во претходната година навистина не направивте многу горди, освојувајќи ги медалите на Олимпијадата. Веруваме дека така ќе биде и во иднина. Ви посакуваме од се срце многу здравје, многу среќа и многу успеси. Македонија беше горда на вас и така нека биде и понатаму", им рече г-ѓа Маја Иванова на олимпијците на кои, според обичајот, им подели и бадникови лепчиња.

Лепчето со паричка му се падна на кошаркарот Мирослав Георгиевски, кому претседателот Иванов му подари и златник, како што рече, за спомен на денешниот настан, посакувајќи му успешни резултати во спортот и во иднина.

Ана Петровска, национален директор на Специјална олимпијада Македонија, за медиумите изјави дека денешната посета е на покана на претседателот Иванов кој тоа им го ветил летово по нивното враќање со голем успех од Летните олимписки игри во Лос Анџелес, кои се одржаа од 25 јули до 2 август 2015.

„Тоа беше најуспешна година на Специјална олимпијада Македонија. Се вративме со 12 медали од 14 атлети. Се надевам дека ова е само почеток за уште една успешна година која им претстои на нашите атлети", рече Петровска.

По повод утрешниот голем христијански празник Божиќ, денеска наутро гости во резиденцијата на семејството Иванови беа и членови на иницијативното движење за возобновување на Божиќната литија и деца православни верници.

Носејќи ја Витлеемската пештера и пеејќи ја божикната песна „Вечен е Бог", децата го најавија Христовото раѓање. Семејството Иванови ги даруваа децата со традиционални коледарски пакетчиња.

badnik2

___1
Посета на припадниците на АРМ распоредени на јужната граница
Friday, 01 January 2016 13:25
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов во придружба на министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ Методија Величковски на првиот ден од Новата година ги посети припадниците на АРМ кои се распоредени на јужната граница за да и помогнат на граничната полиција во справувањето со предизвиците што доаѓаат со мигрантската криза.

За време на посетата, претседателот Иванов имаше заеднички ручек со припадниците на АРМ на кои им ја честиташе Новата година и им посака многу успех, а на Генералштабот да продолжи со реформите и како и досега да биде институција со најголема доверба меѓу граѓаните.

„Се уверив во професионалноста на нашата Армија и во нивната можност да се справат со сите предизвици. Бев информиран за сето она што е преземено во заедничката мисија со полицијата во изминатиот период и дека се спречени многу илегални преминувања на економските мигранти кои не може да влезат во земјава. Добро е што веќе е формиран заеднички Оперативен штаб во Гевгелија каде сите субјекти вклучени во справување со мигранската криза можат да ги разменуваат и споделуваат сознанијата и податоците и да се информираат меѓусебно за сето она што се случува долж јужната граница на Република Македонија" , изјави претседателот Иванов.

„Тука се и припадниците на полицијата од пријателските земји кои доаѓаат да и помогнат на нашата полиција и да се уверат на лице место каква е состојбата со мигрантите", рече претседателот Иванов

Претседателот Иванов како врховен командант на вооружените сили традиционално на првиот ден од Новата година ги посетува припадниците на Армијата.
___2

 
Start < Prev 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Next > End
Page 59 of 198