News
Grcija_priem
Претседателот Иванов присуствуваше на приемот по повод Националниот празник на Република Грција
Wednesday, 23 March 2016 13:51
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на приемот што го приреди шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, амбасадорот Харис Лалакос, по повод 25 март - Националниот празник на Република Грција. На приемот приреден во Канцеларијата за врски на Грција, покрај македонскиот претседател, присуствуваа и политичари, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени, претставници на медиумите.

Претседателот Иванов испрати честитка до грчкиот претседател Прокопис Павлопулос по повод Националниот празник на Република Грција, во која упати честитки и желби за просперитет на Грција и благосостојба на нејзините граѓани, од негово име и од име на граѓаните на Македонија.

Во честитката, претседателот Иванов порача дека градењето на добрососедските односи, регионалната стабилност и соработка, интегрирањето во Европската унија и НАТО се областите кои претставуваат приоритет за Република Македонија.

„Дозволете ми повторно да ја истакнам нашата силна посветеност за унапредување на добрососедските односи и дијалог со Вашата земја, како и да ја пренесам мојата силна порака дека, со заеднички заложби и соработка, можеме да создадеме позитивна клима на заемна доверба и почит, со што ќе осигуриме просперитетна иднина за нашите граѓани. Господине Претседателе, во овие тешки денови кога нашиот регион и цела Европа се соочува со бегалската криза која може да влијае на стабилноста на двете земји, верувам дека е потребна тесна соработка меѓу нашите земји и народи повеќе од кога било досега", пишува во честитката од македонскиот до грчкиот претседател.

grcija_priem1

1
Претседателот Иванов: Граѓаните да бидат спокојни институциите успешно се справуваат со предизвиците
Tuesday, 22 March 2016 13:22
There are no translations available.

„Македонија ги има сите ризици, што ги имаат сите земји од нашето окружување и во Европа. Постојат закани, но ние успешно се справуваме со нив и превентивно и проактивно делуваме. Граѓаните треба да бидат спокојни затоа што со сите ризици што постоеја досега нашите институции, во соработка со нивните партнерски служби спречуваа," изјави претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по редовната годишна посета на Агенцијата за разузнавање, на новинарско прашање каква е безбедносната состојба во државата.

Во врска со прашањето дали е подобрена размената на сознанија и информации со разузнавачките служби од други земји, во контекст на мигрантската криза, претседателот Иванов посочи дека забелешката за соработката со разузнавачките служби била во октомври лани кога било побарано, како што рече, да имаме пристап до базите на ФРОНТЕКС и Шенген и да можеме сите податоци да ги разменуваме.

„Немавме разбирање, затоа што регулативата е таква да трети земји немаат пристап до тие бази и затоа ние реагиравме. Но, после мојата изјава имаме раздвиженост меѓу партнерските служби, доаѓаат се интересираат, ги користат податоците. Очигледно ќе излезе дека дел од овие кои беа вклучени во Брисел, како и тие претходно во Париз, дел ја користеле и оваа рута," појасни претседателот Иванов.

Претседателот Иванов истакна дека постојано се потенцирал хуманитарниот аспект на кризата, што е неопходно, но ние го потенциравме безбедносниот аспект на кризата, затоа што меѓу тие бегалци, ги имаме и повратниците од боиштата во Сирија.

„Да не бидеме наивни. Само во Македонија имаме 72 повратници, од лица кои учествувале на боиштата, отишле како екстремисти, се вратиле како терористи. Шеесет отсто односно преку 1000 лица од Балканот учествувале во Сирија и се вратени, а илјадници односно до три илјади има повратници на територија на ЕУ. Тие ги користеле овие рути на бегалците, меѓу нив се вратиле и еве сега што се случува," изјави претседателот Иванов.

По барање на новинарите да го коментира денешниот терористички акт во Брисел, претседателот Иванов подвлече дека  ќе се случуваат такви настани.

„Службите мора да соработуваат и на безбедносен план да се разменуваат информациите. Да не робуваме на бирократски процедури, не сме биле во ЕУ, не сме имале право на пристап до базите. Ние тоа го нудиме за безбедноста на континентот и на другите земји во ЕУ, кои и во иднина ќе се соочуваат со терористички напади и закани. Но, не само во Еворпа, ова е планетарен феномен," порача македонскиот претседател.

Според претседателот Иванов, сите оние кои не и мислат добро на севкупната човекова цивилизација, ги користат сите придобивки на 21 век и многу се поиновативни и покреативни од државите и службите, кои по инерција, како да се останати во 20 век.

„Моите критики беа упатени токму на тоа. Да се менуваме и како држави и како служби и секојпат да бидеме проактивни и чекор пред сите закани кои постојат," порача  претседателот Иванов.

На денешната средба тимот задолжен за справување со мигрантската криза од Агенцијата за разузнавање го информираше претседателот Иванов  за сите сознанија и искуства за време на справувањето со мигрантската криза.

„Ние сме како земја на една од најфреквентните рути и затоа таа рута ја користеа и мигрнатите, но и тие што немаат добри намери. Има повратници од војната во Сирија, имаме т.н. екстремисти, терористи, криумчари и сите оние кои се занимаваат со овој профитен бизнис, со шверцот на мигранти кој е најдоходовен според последниот извештај на ЕВРОПОЛ. Тоа ќе продолжи, ќе го имаме и во иднина , но нашите институции го положија тестот," истакна претседателот Иванов.

Според македонскиот претседател, Агенцијата како дел од системот на кризниот менаџмент, ефикасно се справуваше со сите предизиви и се она што го сработи со нејзините истражувања и анализи, придонесе Македонија да биде позитивен пример за тоа како во такви ситуации треба да се справуваат институциите. Агенцијата за разузнавање, истакна претседателот Иванов, проактивно делуваше и укажуваше на сите случувања, а тоа е пример како треба во вакви услови нашите институции да функционираат.

„Како земја покажавме дека знаеме да се справуваме со ваков предизвик многу подобро од земји кои се членки и во НАТО и во ЕУ. Неопходно е без разлика на дневно-политичка ситуација, на состојбата на јавниот простор, институциите со полн капацитет да се справуваат со сите закани и ризици," изјави претседателот Иванов по посетата на Агенцијата за разузнавање.

Во однос на значењето на договорот ЕУ - Турција за Македонија, претседателот Иванов со коментар дека граѓаните на нашата земја, со исклучок на тие во Гевгелија и во Куманово, не почувствуваа дека низ нашата државата поминаа еден милион бегалци.

„ Со тоа што се постигна договор меѓу ЕУ - Турција, може да се види веќе на нашата јужна граница, рече македонскиот претседател.

Во рамки на посетата, претседателот Иванов свечено ја отвори првата музејска поставка на Агенцијата за разузнавање.
2 

manu0
Претседателот Иванов: Мора да се стави крај на политичката криза и на погубната политичка поделеност во Македонија
Monday, 21 March 2016 12:06
There are no translations available.

Испраќање јасна порака дека мигрантските коридори се затворени, создавање услови за мир и стабилност и одржлив економски развој во земјите на потекло, како и примена на заеднички пристап во борбата против нелегалната миграција се неопходни за решавање на бегалската криза, порача претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во своето обраќање на денешната конференција „Геостратегиската и геополитичката положба на Република Македонија во услови на мигрантската и бегалската криза".

Претседателот Иванов во своето обраќање во Македонската академија на науките и уметностите порача дека освен предизвик, мигрантската криза е и можност за враќање на чувството за државност и одговорност кај политичките партии во Македонија, и од власта, и од опозицијата.

- Партиите не смеат да ја злоупотребуваат кризата за теснопартиски интереси и освојување евтини дневнополитички поени во предизборниот период. Мора да и се стави крај на политичката криза и на погубната политичка поделеност во Македонија, рече македонскиот претседател.

Според претседателот Иванов специфично за бегалските рути е тоа што кога ќе се затвори една, се отвораат други рути, како и дека ние знаеме од каде доаѓаат бегалските рути, но не знаеме од каде поаѓаат, поради што е неопходен научен пристап кон се тоа што се случува во Африка, Блискиот Исток и Азија.

- Се додека постојат економски раздвижувања, безбедносни ризици и конфликти ќе бидеме изложени на овие мигрантски кризи. Интервјуата на нашите служби на границата покажуваат дека 90 проценти од сите мигранти што минаа низ Македонија користеле услуга од криминални групи, додека според последниот извештај на ЕУРОПОЛ профитот на криминалните структури со нудење услуги на мигрантите минатата година е шест милијади евра, рече Претседателот.

Претседателот Иванов како решенија на кризата ги посочи најпрво неопходноста од испраќање јасни пораки до земјите на потекло на мигранти и бегалци дека мигрантските коридори се затворени, како што е договорот меѓу Европската унија и Турција, но и дека државите мора да го почитуваат договореното и да градат заеднички позиции.

- Второ, неопходно е создавање услови за мир и стабилност и одржлив економски развој во земјите на потекло. Неопходен е нов Маршалов план за Блискиот Исток и Северна Африка што ќе им ја врати надежта на луѓето во овие региони за квалитетен живот.

Истовремено, европските држави мора да применуваат одржливи политики за интеграција без асимилација, за да ја избегнат опасноста од гетоизација, рече претседателот Иванов.
manu2Како трето, македонскиот претседател посочи дека клучот за успешно менаџирање на мигрантската криза е кај транзитните земји и дека мора да научиме да си веруваме, да ги имплементираме договорите, да примениме заеднички пристап во борбата против нелегалната миграција, бидејќи ниту една држава сама не може да го носи товарот.

- Во таа смисла, кризата претставува и можност за соседите да ја надминат недовербата и да почнат да соработуваат. Кризата е можност и за Европската унија бирократизацијата да ја замени со механизми за носење одлуки во услови на криза, истакна претседателот Иванов.

Претседателот на МАНУ Таки Фити на отворањето на конференцијата смета дека темата е многу значајна бидејќи се одржува во едно вонредно сензитивно време, кога земјата, како што рече проаѓа низ внатрешна, политичка и општествена криза, која дополнително се усложнува со постоењето на бегалската криза.

Конференцијата ја организира Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи. Овие две институции во рамки на конференцијата потпишаа и меморандум за соработка.

Раководителот на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ Владо Камбовски рече дека специфичната геостратегиска положба на Македонија треба да се земе како битна одредница при преземањето неопходни државни, надворешни политички, економски и други мерки и активности за нејзино надминување.

- Масовната миграција и движење на народите и бегалците и жртвите на војните се денеска константа реалност што глобалната слика на светот ја менува не само во демографска, туку и во културолошка и цивилизациска смисла. Соочени сме со појава на големи преселби и сознание дека Македонија се наоѓа на нивниот правец на движење.

И самата е вовлечена во нив, како попатна станица за мигранти, а во иднина како членка на ЕУ и како потенцијална крајна дестинација, нагласи Камбовски, истакнувајќи дека Македонија не смее да се изолира и остане без стратешки партнери во овој геополитички предизвик.

Директорот на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР Абдулкадар Мемеди изрази задоволство од можноста за одржување заедничка конференција на толку важна тема и потпишување на меморандум за соработка.

manu3

 
Start < Prev 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Next > End
Page 53 of 198