News
arm1
Началникот на ГШ генерал-потполковник Методија Величковски му реферираше на претседателот Иванов за борбената готовност на АРМ за 2015 година
Tuesday, 26 January 2016 14:31
There are no translations available.

Началникот на Генералшабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Методија Величковски, денеска пред претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, реферирше за борбената готовност на АРМ во 2015 година.

На реферирањето присуствуваа министерот за одбрана, г. Зоран Јолевски, заменикот на министерот за одбрана, г. Иљми Селами, заменик претседателот на комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија, г. Сашо Аќимоски, претставници од кабинетот на Претседателот на РМ, раководители во Министерството за одбрана и ГШ на АРМ.

Претседателот Иванов беше информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2015 година, согласно функционалните области на АРМ. Во текот на своето излагање генералот Величковски ги истакна активностите кои ја одбележаа 2015 година - ангажирањето на дел од единиците на АРМ за поддршка на Министерството за внатрешни работи во справување со мигрантската криза, учеството на армијата во справување со елементарните непогоди, успешно извршување на меѓународните мисии надвор од Република Македонија и редовната обука и вежби на единиците на АРМ.

Беше заклучено дека и покрај сите предизвици со кои АРМ се соочи во текот на изминатата година, сите задачи се потполно и квалитетно извршени со максимално залагање на персоналот на сите нивоа.

Претседателот Иванов изрази признание на припадниците на Армијата на Република Македонија за нивната несебична посветеност при извршувањето на мисијата и задачите на АРМ потенцирајќи дека АРМ ја има најголемата доверба во општеството. Претседателот Иванов ја истакна улогата на АРМ во справувањето со мигрантската криза и укажа на потребата за донесување на нова стратегија на одбраната која ќе претставува основа за изработка на Планот за одбрана со цел ефикасно справување со модерните безбедносни закани.

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски истакна дека во 2016 година приоритет ќе биде подобрување на условите за живот и работа на припадниците на АРМ, модернизацијата, опремувањето како максимална поддршка за подигнување на борбената готовност за успешното извршување на нејзините функционални надлежности.

Пред почетокот на реферирањето беше извршена презентација на публикации изработени во Командата за обука и доктрини, кои ќе бидат подлога за квалитетна и суштинска подготовка, образование на кадрите за одбрана и безбедноста, Воената академија и останатите универзитети во државата.

arm2

pelister01
Презентирани природните, туристичките и инвестициските можности на Битола на вториот ден од приемот на дипломатскиот кор
Saturday, 23 January 2016 14:12
There are no translations available.

На вториот ден од приемот за членовите на дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија, претседателот Иванов и членовите на дипломатскиот кор го посетија инфо – центарот „Пелистер", каде беше одржана презентација за природните и туристичките карактеристики на Националниот парк Пелистер. Потоа, во хотелот „Молика" се одржа презентација за инвестициските можности на општина Битола, од страна на градоначалникот на Општина Битола, г. Владимир Талески.

- Оваа средба е прекрасна бидејќи има многу повеќе амбасадори отколку на вообичаените средби во Скопје. Паркот е прекрасен и ги потврдува своите можности за развој на различни спортови и посебно планинарењето кое е се попопуларно во Европа. Сакам да потсетам дека токму тука на оваа планина пред 100 години, во јануари 1916 година, се водеа војни, и ова е момент да се одбележи годишнината од потпишувањето на Елисејскиот договор и да се порача дека не треба да има поделби и, напротив, заеднички да гледаме во иднината и Македонија да биде дел од Европа, посочи француската амбасадорка Лоренс Оер.

За убавините на Пелистер говореше и американскиот амбасадор Џес Бејли кој рече дека повеќепати доаѓал во Националниот парк „Пелистер".

- Пелистер е голем ресурс. Минатата година се одморав на Пелистер и пак сум тука. Американскиот народ има голема традиција за планинарењето и затоа ќе иницирам пешачење на една поголема планинарска тура која ќе биде од оваа, до другата страна на планината, односно до Преспа, изјави амбасадорот Бејли.

За дипломатскиот кор во Република Македонија, градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и претседателот на Регионалната стопанска комора Мирко Велковски приредија презентација за економскиот потенцијал и инвестициски можности што ги нуди овој град.

- Очекувам наскоро да почне изградба на фабриките во индустриската зона „Жабени", односно две турски и три италијански компании. Амбасадорите ги информирав дека во 2016 година очекуваме и други инвестиции за што како општина нудиме целосна поддршка. Довербата е изградена и почнуваме процес за позитивното живеење на граѓаните отворајќи нови работни места. Мислам дека успешно ја искористивме приликата да ги презентираме нашите потенцијали и можности на градот пред највисоките претставници на разни држави, односно дипломатскиот кор во Република Македонија, нагласи градоначалникот Талески.

Изминатите години, покрај Битола, дипломатскиот прием беше приреден и во Крушево, Гевгелија и во Берово.

pelister02

 
Start < Prev 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Next > End
Page 58 of 198