| Посета на припадниците на АРМ распоредени на јужната граница | |
|
|
There are no translations available.
За време на посетата, претседателот Иванов имаше заеднички ручек со припадниците на АРМ на кои им ја честиташе Новата година и им посака многу успех, а на Генералштабот да продолжи со реформите и како и досега да биде институција со најголема доверба меѓу граѓаните. „Се уверив во професионалноста на нашата Армија и во нивната можност да се справат со сите предизвици. Бев информиран за сето она што е преземено во заедничката мисија со полицијата во изминатиот период и дека се спречени многу илегални преминувања на економските мигранти кои не може да влезат во земјава. Добро е што веќе е формиран заеднички Оперативен штаб во Гевгелија каде сите субјекти вклучени во справување со мигранската криза можат да ги разменуваат и споделуваат сознанијата и податоците и да се информираат меѓусебно за сето она што се случува долж јужната граница на Република Македонија" , изјави претседателот Иванов. „Тука се и припадниците на полицијата од пријателските земји кои доаѓаат да и помогнат на нашата полиција и да се уверат на лице место каква е состојбата со мигрантите", рече претседателот Иванов Претседателот Иванов како врховен командант на вооружените сили традиционално на првиот ден од Новата година ги посетува припадниците на Армијата. |
Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов во придружба на министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ Методија Величковски на првиот ден од Новата година ги посети припадниците на АРМ кои се распоредени на јужната граница за да и помогнат на граничната полиција во справувањето со предизвиците што доаѓаат со мигрантската криза.










