header

header_peperut_-_Copy3

Активности на г-ѓа Маја Иванова за време на работната посета на Република Турција
Четврток, 20 Август 2015   

1Сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, престојуваше во посета на Анкара на покана на Универзитетот Хаџетепе и Турската агенција за поддршка и развој, ТИКА. Г-ѓа Иванова на оваа посета беше придружувана од доц. м-р д-р сци. Аспазија Софијанова, Директор на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Сопругата на Претседеталот при посетата на Универзитетот Хаџетепе имаше прилика да се информира за Универзитетската клиника, особено Детската болница при Медицинскиот факултет. Домаќин на г-ѓа Иванова за време на посетата беше Ректорот на Хаџетепе Универзитетот, проф. д-р Мурат Тунџер. При посетата, на г-ѓа Иванова и беше презентиран начинот на функционирање на Универзитетот Хаџетепе и Детската клиника според најсовремените и највисоки меѓународни стандарди. За време на посетата на детската клиника при Медицинскиот факултет, г-ѓа Иванова се сретна со повеќе познати професори од Универзитетот и доктори од клиниката.

Г-ѓа Иванова имаше можност да го посети и Центарот за дијагноза, третман, и истражувања за деца со аутизам, посебен институт во рамките на Универзитетот Анкара, каде имаше прилика да размени мислења за состојбите со аутизмот во двете земји, дијагностиката, начинот на третирање, лекување на децата со аутизам, како и да се информира за истражувањата кои ги спроведува институтот.

Сопругата на Претседателот за време на посетата се сретна со д-р Сердар Чам, претседател на ТИКА и со д-р Махмут Чевик, Директор за Балкан и Јужна Европа во ТИКА. На средбата, г-ѓа Иванова и д-р Софијанова информираа за функционирањето на првиот ургентен центар на Детската клиника во Скопје, проект кој д-р Чевик, како поранешен Директор на Канцеларијата на ТИКА во Скопје, го реализираше под покровителство на г-ѓа Маја Иванова. На средбата беа разгледани можностите за идна соработка на проекти, посебно во областа на педијатријата и аутизмот во Република Македонија.

2

 

Биографија

Првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник кој во слободното време пишува поезија. 

Повеќе

 

Фото галерија

Maja_fotogal