Македонија денес се поклони пред паднатите бранители – г-а Маја Иванова приреди прием за семејствата на загинатите припадници на АРМ | |
|
Поздравувајќи ги присутните родители, сопруги, синови и ќерки на загинатите македонски бранители, г-ѓа Иванова ја искажа својата длабока почит и восхит за нивната волја, храброст и истрајност, и за начинот на кој се справуваат со загубата на нивните најблиски. „Би сакала да ви кажам дека тоа е загуба за сите нас и ние сочувствуваме со вас. Загубата е ненадоместлива и нема соодветни зборови за утеха, но знајте дека нивните имиња вечно ќе бидат запаметени од сите македонски граѓани и ќе останат врежани во срцето на нашата татковина, затоа што тие се жртвуваа за нашата иднина и среќа. Вие имавте татковци и синови, обични луѓе, но херои на Македонија,“ им порача г-ѓа Иванова на семејствата на загинатите припадници на АРМ. Нагласувајќи дека секој Македонец секогаш гордо ќе се сеќава на загинатите херои, Првата дама посочи дека Медалот за храброст кој денес им беше постхумно доделен е признание за она што тие го направија за нас и за нашата татковина.
Таа изрази надеж дека секој од семејствата на загинатите војници, домот на Иванови ќе го чувствува како свој дом, зашто во него секогаш ќе имаат искрени пријатели. „Се радувам што сте денеска тука. Нашиот дом е и ваш дом и секогаш со нас ќе можете да ги споделите својата болка и тага, но и сите радости и предизвици што ги носи животот,“ посочи првата дама на Решублика Македонија, г-ѓа Маја Иванова.
|