Манифестацијата „Здрава храна за детство без мана“ заедно со г-а Маја Иванова денес се одржа во Велес | |
|
Поддржани од своите родители и наставници, младите велешани подготвија богати штандови по училишните ходници, кои изобилуваа со свеж зеленчук и овошје, креативни аранжмани од храна, свежо цедени сокови и здрави закуски. Изразувајќи нескриено задоволство од масовноста на акцијата и посветеноста на најмладите, г-а Иванова уште еднаш потсети колку е значајна здравата исхрана за правилниот развој на децата и израснувањето здрави поколенија, кои се иднината на нашата држава. Учениците од велешките основни училишта, за оваа пригода, подготвија музички точки и рецитали, тематски поврзани со значењето на здравата исхрана, осврнувајќи се воедно на изобилството свежи производи достапни по македонските пазари. Со еднаков ентузијазам на своите врсници им се придружија и децата со посебни образовни потреби од училиштето „Маца Овчарова“. Караванот „Здрава храна за детство без мана“ ќе ја обиколи цела Македонија, а го организираат Здружението на граѓани „ОХО“, во партнерство со Министерството за образование и наука, Швајцарската агенција за развој и соработка, и општините домаќини на манифестациите.
|