Предавачи и теми

Во рамки на Школата за млади лидери, која по четврти пат се одржува од 19 до 31 август 2013 година во Охрид, гостуваат 30 врвни предавачи, кои ќе ги пренесат своите знаења, вештини и искуства во насока на поттикнување на лидерските капацитети кај младите.

Традиционално, на свеченото отворање на Школата свое поздравно обраќање одржа Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов.


ПРЕДАВАЧИ И ТЕМИ НА ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ 2013


1. г. Вацлав Клаус, Поранешен Претседател на Чешката Република
• Поздравно обраќање на свеченото отворање на Школата и предавање на тема: „Порака за идните млади лидери од не толку млад лидер"

2. г. Иво Шлаус, Претседател на Светската Академија на науки и уметности
• Поздравно обраќање – свечено отворање на Школата за млади лидери

3. H.Е. Цуи Живеи, Амбасадор на Народна Република Кина во Република Македонија
• „Лидерски перформанси во Кина"

4. г. Аурелио Каличиа, Извршен директор за продажба и менаџер за Македонија, Huawei Technologies
• „Води до кеш (пари)"

5. г. Александре Севињи, Директор на постдипломски студии за комуникациски менаџмент на McMaster-Syracuse и McMaster University
• „Стратегија и менаџмент на социјалните медиуми и мобилноста"

6. г. Сиетсе Бејкер, Генерален директор на Wow!works, раководител на Избор на песна за Евровизија (Eurovision Song Contest)
• „Превземање на одржливо лидерство во вашиот сопствен живот"

7. г.Коста Петров, Основач на P World, писател, Телевизиски продуцент, Експерт за односи со јавноста
• „Лидерство – дали навистина знаеме за што станува збор?"

8. г. Златко Жоглев, Ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски" – Битола
• „Комуникациски вештини за лидерство"

9. г. Мурали Сринарејанатас, Консултант за фирми што влегуваат на Азискиот пазар и спроведуваат корпоративен тренинг глобално
• „Младите претприемачи во Глобалниот пазар"

10. г. Тафшир М. Авал, Директор на Мултимод Групација
• „Бангладеш: од воено разурнат 'изгубен случај' до социо-економска успешна приказна "

11. г. Ахад Бхаи, Извршен директор на Panther Social
• „Употребување на лидерството за општествена промена"

12. г. Драган Стефановиќ, Пензиониран офицер во Армијата на САД, 14 години професор на Магистерски студии на програма за јавна администрација во „Апалачиан", Државен универзитет во Северна Каролина
• „Менаџмент 1 и 2"

13. г. Роберт Гудвин III, Претседател и Претседавач со Бордот на Управители во Њу Вестминстер Колеџ (Британска Колумбија, Канада)
• „Етичко лидерство за 21 век"

14. г. Ахмед Саед Бадраис, Заменик Претседател на New Westminster College (Британска Колумбија, Канада)
• „Лидерството и средината на човечките ресурси"

15. г. Доналд Дејв Мередит, Сенатор во Парламентот на Канада
• „Ангажирање на младите – подготвување за лидерството во 21 век"

16. г. Антони Матас, Генерален директор во Europaper SL. Партнер во The Art of Newmanagement. Вонреден професор на ESADE, при Школата за индустриско инженерство во Барселона и Универзитетот Оберта во Каталонија
• „Задржете го вашето лидерство во променлив свет"

17. г. Благоја Самакоски, Претседател на Микросам
• „Младите лидери во функција на битката со џиновите околу нив"

18. г. Самоил Самак, Програмер, Мајкрософт; Заменик Претседател на Микросам
• „Практичната страна на лидерството"

19. г. Мухамед Мешиќ, Виш консултант за одржлив развој и јавна политика, Brainswork Group; Академски советник и истражувач на Универзитетот во Виена, Амбасадор на Светскиот младински самит за мир
• „Глобални предизвици, локални решенија: Лидерство во хиперповрзан свет"

20. г.Јорге Диенер, Виш извршен консултант во Visionary Partnerships LTD
• „Ефективно јавно говорење и комуникациски вештини во ерата на социјалните мрежи", „Јас сум бренд", „Менаџирање на промена во динамични организации", „Лидерот што охрабрува: лидер на лидерите", „Резиме на лидерството"

21. г. Зоран Костовски, Директор на Мотива- Друштво за менаџмент консалтинг, образование и обука
• „Емоционална интелигенција и лидерство 1"

22. г. Ранко Безар, Раководител на консултантски услуги и обука во Мотива-Друштво за менаџмент, консалтинг, образование и обука
• „Емоционална интелигенција и лидерство 2"

23. г. Тодор Тодоровски, Директор на Корпоративна стратегија и деловен развој на ААР Корп
• „Размислувајќи како лидер"

24. г. Борис Поркович, Заменик претседател на Институт за истражување на мали Европски држави
• „Мотивирање на другите; Како лидерите создаваат цели, самодоверба и решенија"

25. г. Живко Мукаетов, Претседател на управниот одбор и Генерален директор на Алкалоид АД Скопје
• „Како брендот да му користи на твојот бизнис"

26. г-ѓа Ребека Елвин, Докторанд при Правниот факултет на Универзитетот Оксфорд
• „Лидерството и законот", „Градење доверба"

27. г. Рошан Џон Алпрес, Докторанд по Историја на Универзитетот Оксфорд
• „Раскажување на светот", „Што значи да се биде човек?"

28. г. Џони Реј Мур, Заменик претседател на Универзитетот Либерти
• „Седумте идеи што Соединетите Американски Држави ги дадоа на светот"; „Личен успех со интегритет"

29. г. Доналд Стил, Директор на Џонсон Асошиејтс (Британска водечка компанија за Односи со јавноста во авијација), Поранешен главен медија портпарол на ББС
• „Кризно комуницирање во време на социјални медиуми"

30. г. Мартин Клауке, Раководител на оддел за оперативни работи
• „ИПА Фондови"

ПРЕДАВАЧИ И ТЕМИ НА ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ 2012
ПРЕДАВАЧИ И ТЕМИ НА ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ 2011

ПРЕДАВАЧИ И ТЕМИ НА ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ 2010

 

Фото галерија

galerija-lideri

Web-BANER_2_small_3