Четвртата индустриска револуција во фокусот на 10. Школа за млади лидери

skola11022019_1„Низ овие десет години поминавме многу теми, многу слушатели, многу предавачи. Колку што учеа слушателите, толку и ние учевме од младите", рече Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на отворањето на 10. Школа за млади лидери, што од 11 до 22 февруари 2019 година се одржа во Струга.

„Оваа година доминантна тема ќе биде четвртата индустриска револуција, односно како дигиталната трансформација на општеството го менува нашиот живот, предизвиците што ги носи четвртата индустриска револуција и како да се биде успешен во оваа драстична промена во човековата цивилизација", рече претседателот Иванов.

„Промените и предизвиците се насекаде околу нас. Сѐ она што беше основа на Третата дигитална револуција денес е инфраструктура на новата револуција. Сите процеси, почнувајќи од аналогните, па дигиталните и сите оние начини на производство, трговија, купување, администрирање и водење се соочуваат со големи предизвици. Последиците од таа голема трансформација и дигитализација на општеството и на човековата цивилизација ги гледаме насекаде околу нас", рече претседателот Иванов.

„Сите овие промени се драстични. Многу од луѓето веќе се соочуваат и со предизвиците што ги носи оваа голема промена. Неопходна е промена на целиот систем на едукација на човековата цивилизација. Потребни се промени во сферата на образованието, сферата на производството, на тргувањето и на услугите. Сите тие промени подлежат на овој бран на дигитализација и осовременување и користење на новите технологии", рече претседателот Иванов.

„Во духот на оптимизмот, на креативноста и иновативноста, сакам да ви посакам успешно совладување на оваа обука, да стекнете многу нови знаења, многу нови вештини, многу пријателства и да сфатите дека секаде во светот, образовниот систем е во криза и се критикува. Финска е исклучок и произведува резултати. Токму затоа, многу од тоа што се прави во образованието во Финска, ние го применуваме десет години на нашата Школа за млади лидери. Односно, не е целта да се создадат луѓе кои ќе се натпреваруваат, туку да се создадат луѓе кои ќе соработуваат. Не е целта да ги научите луѓето како да меморираат, туку како да користат податоци и информации и да научат како да пристапат до базите на податоци. Не е задолжително да имате домашна задача и дома да го правите тоа што може да го правите додека сте на училиште. Во тој контекст, многу од тие искуства се покажаа ефикасни и кај нас. Многу повеќе вредност има социјалниот капитал создаден преку вмрежување, блискост, размена на искуства", рече претседателот Иванов на отворањето на 10. Школа за млади лидери.

skola11022019_2##########

Претседателот Иванов ги додели сертификатите на учесниците на 10. Школа за млади лидери

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ги додели сертификатите на учесниците на 10. Школа за млади лидери, што по негова иницијатива, се одржа од 11 до 22 февруари 2019 година во Струга.

На школата учествуваа дваесетина реномирани предавачи кои ги пренесоа своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на школата.

„Овие нивни искуства, сознанија и вештини ќе ви помогнат во животот кога се наоѓате во слични ситуации да наоѓате решенија. Да знаете како да создадете тим на луѓе кои ќе ве следат, на кои ќе им понудите решенија. Никој пат да не се обесхрабрувате и секој пат да гледате кон тоа што доаѓа", рече претседателот Иванов пред младите лидери во Струга.

Во фокусот на 10. Школа за млади лидери беа предизвиците од 4. индустриска револуција.

Skola-2zatvoranje22022019Обраќање на претседателот д-р Ѓорге Иванов на свеченото отворање на Школата за млади лидери - 2018
Обраќање на претседателот д-р Ѓорге Иванов на свеченото отворање на Школата за млади лидери - 2014
Обраќање на претседателот д-р Ѓорге Иванов на свеченото отворање на Школата за млади лидери - 2013
Обраќање на претседателот д-р Ѓорге Иванов на свеченото отворање на Школата за млади лидери - 2012
Обраќање на претседателот д-р Ѓорге Иванов на свеченото отворање на Школата за млади лидери - 2011

 

Фото галерија

galerija-lideri

Web-BANER_2_small_3