Програмата за едукација на идни лидери е внимателно обмислена за да им овозможи на учесниците здобивање на практично знаење и лидерски вештини. Целите и одредниците – како развивањето позитивни вредности, мотивација и прогресивни идеи, менаџерски вештини, одговорност , визионерство за општествен напредок – се интегрирани во курикулумот на Школата на начин кој ги задоволува високо поставените стандарди за лидерска едукација. Во Школата за лидери 2012, гостуваа вкупно 28 предавачи од врвни образовни и професионални институции, кои ги пренесоа своите искуства и видувања за лидерството.
ПРЕДАВАЧИ И ТЕМИ НА ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ 2012
1. Н.Е. д – р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија • Воведно предавање – церемонијално отворање на Школата за млади лидери
2. Филип Т. Рикер, Заменик-помошник Секретар за Европски и Евроазиски прашања во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави • „Принципи на одговорното лидерство во глобалниот свет"
3. Н.Е. г. Пол Д. Волерс, Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија • „Лекции по лидерство - како да се учи од лидерите"
4. Н.Е. г. Кристофер Ивон, Амбасадор на Обединетото Кралство на В. Британија и Ирска во Република Македонија • „Активно лидерство - како да се претвори во реалност"
5. Феликс Унгер, Претседател на Европската академија на науките и уметностите • „Вистинското лидерство бара целосна и урамнотежена личност"
6. Мери Џо Џекоби, Неизвршен директор на Mulvaney Capital Management и претседавач со групацијата IDM; именувана за Комесар на Британската државна служба од страна на НВ Кралицата Елизабета II; поранешен Помошник секретар за трговија на САД; поранешен специјален асистент на Претседателот Роналд Реган • „Гласот на лидерството: како ефективната комуникација може да ја оживее стратегијата"
7. Патрик Џефсон, Поранешен приватен секретар (шеф на кабинетот) на принцезата Дијана, најпродаван автор според Њујорк Тајмс • „И лидерите се луѓе"
8. Антони Матас Таруеља, Економист, Генерален директор во Europaper SL. Член на одборот на The Art of Newmanagement. Вонреден професор на ESADE, при Школата за индустриско инженерство во Барселона и Универзитетот Оберта во Каталонија • „Управување со промени во непредвидливи времиња"
9. Јорге Динер, Управен директор на ERIDUX, бил Продекан на Образование во светот и бизнис работи и Директорот на докторска програма на Меѓународниот универзитет на Монако • „Вештини на ефективен јавен настап и комуникација во ерата на социјални мрежи" • „Изградба на бренд: употреба на социјалните мрежи во заедниците во развој"
10. Андреас Мукенфус, Член на бордот на директори на CRISP • „Криза во лидерството"
11. Роберт Арсов, Директор во Инвестициски банкарски оддел на Credit Suissе • „Потребни вештини во услови на глобална конкурентна средина"
12. Д-р Александер Фон Еген, поранешен Заменик претседател на автономниот регион Трентино – Јужен Тирол • „Историја и еволуција на автономијата на автономната провинција Бозен/Болцано/Јужен Тирол во Италија"
13. Курт Вокер, Поранешен Амбасадор на Сoединетите Американски Држави во НАТО, поранешен Заменик помошник државен секретар на САД, извршен потпретседател на Центарот за проучување на Претседателството и Конгресот, виш Советник во Атлантскиот Совет и член на нејзината Стратешка советодавна група • „Одговорности на лидерите во услови на променлив светски поредок"
14. Мухамед Мешиќ, Виш консултант за одржлив развој и јавна политика, Brainswork Group; Академски советник и истражувач на Универзитетот во Виена, Амбасадор на Светскиот младински самит за мир • „Лидерство во хиперконектиран свет"
15. Рисима Рисимкин, Kореограф, Член на Извршен одбор на ЦИД УНЕСКО, професор на Европската Филмска Академија ЕСРА • „Не-вербална комуникација и совладување на техники за оформување на личниот лидерски идентитет"
16. Магдалена Лајхтова, Виш истражувач на Универзитетот на Западна Бохемиа во Пилсен • „Анализа на содржина на медиуми и вести"
17. Пол Мерц, Аналитичар во Меѓународните / Дипломатски преговарачки процеси, Специјален советник на директорот на Институтот Клингендаел и Виш соработник во Клингендаел Европски студиски програма (CESP) визитинг професор на Колеџот на Европа во Бриж • „Низ преговори до најдобар резултат"
18. Ида Мантон, Визитинг професор по Меѓународни преговори на неколку Универзитети и Надворешен соработник на Дипломатски Академии • „Низ преговори до најдобар резултат" (во соработка со г. Пол Мерц)
19. Д-р Злат Миловановиќ, Поранешен соработник при Универзитетот во Бостон, Универзитетот Темпл во Пенсилванија и Државниот колеџ Гласборо во Њу Џерси • „Лидерство во меѓународните односи и надворешната политика: може ли мала земја да се покаже како поголем лидер отколку што вообичаено се очекува?"
20. Том Антонисен, Советник за европски прашања - раководител задолжен за EUreSupport европска поддршка и европски прашања во ECG - Европско здружение за логистика • „Лидерство во Брисел, практично искуство од областа на застапување на интереси и лобирање"
21. Томас Хелм, Одговорен за административни активности, ЦДУ/ЦСУ групата во Германскиот Парламент • „Конфликт и криза во лидерството" • „Процес на донесување одлуки"
22. Мери Марес Оу, Новинар и универзитетски обучувач од областа на новинарството • „Лидерите под лупа; Како телевизиските вести да бидат во ваша корист, а не на ваша штета„
23. Ричард Грејсон, Новинар на BBC, професор и автор на текстови на Универзитетот Оксфорд • „Зошто вистинските лидери водат ефективно: Што знаат тие, што вие не знаете?"
24. Самоил Самак, Програмер, Мајкрософт, Заменик Претседател на Микросам • „Практичната страна на лидерството"
25. Џенифер Лис-Маршмент, Висок Предавач, Оддел за политички студии на Универзитетот во Окланд, Претседател на Здружение за Политички студии на Нов Зеланд • „Политички маркетинг и лидерство"
26. Шон Д. Акерс, Декан, Хелмс школа, надворешен вонреден асистент професор по право на Универзитетот Либерти • „Основи на етиката и етиката како основа на лидерството"
27. Золтан Ковач, Државен министер за комуникации на Владата, Министерството за јавна администрација и правда, Влада на Унгарија • „Стереотипи, предрасуди и табуа – политички и морални дилеми на лидерството во Централна Европа"
28. Минчо Јорданов, Член на бордот на директори на ДУФЕРКО и Претседател на Одбор на директори на А.Д. Макстил Скопје • „Лидерство во бизнисот: во кризни и во нормални услови"
29. Зоран Костовски, Мотива-Друштво за менаџмент, консалтинг, образование и обука • „Емоционална интелигенција и лидерство"
ПРЕДАВАЧИ И ТЕМИ НА ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ 2011 ПРЕДАВАЧИ И ТЕМИ НА ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ 2010
|