header

header_peperut_-_Copy3

Нема ништо повредно од здрави поколенија – г-ѓа Иванова во поддршка на акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“
Вторник, 22 Ноември 2011   

altСопругата на претседателот, г-ѓа Маја Иванова, е посветен поддржувач на напорите за зачувување на природата и унапредување на здравата животна средина. Заедно со својот сопруг, претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, и синот Иван, г-ѓа Иванова засади дрвце во Градскиот парк во Велес во знак на поддршка на акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.

Поздравувајќи ги дечињата од детската градинка "Димче Мирчев", кои во знак на својата здрава иднина садеа млади фиданки, г-ѓа Иванова истакна дека засадувајќи дрва се создаваат услови за развој на здрави млади генерации.

„Нема ништо повредно од човечкиот живот, од здрави поколенија. Среќна сум што оваа година семејно сме во Велес каде и младо и старо застана против загадувањето. Никогаш повеќе да не капне ниту една мајчина солза за болно дете како резултат на загадената животна средина,“ изјави г-ѓа Иванова денеска во Велес.

Таа изрази надеж дека и оваа акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ ќе биде масовна, како и претходните, особено во Велес, за да може да се надомести барем мал дел од штетата за животната средина која била нанесена во минатото со работата на фабриката „Топилница“, и за да можат младите од Велес да имаат посреќни животи.

Во изминатите три години г-ѓа Иванова во неколку наврати учествуваше во акцијата „Ден на дрвото“ вложувајќи напори за што поголем одзив и подигање на јавната свест. Во првата акција, повикувајќи ги сопругите на амбасадорите заедно да засадат дрвца во претседателската резиденција, г-ѓа Иванова ја обезбеди и дипломатската поддршка за оваа иницијатива.  Вториот пат г-ѓата Иванова и сопругите на претставниците на дипломатскиот кор, се собраа заедно со децата да ја засадат иднината во дворот на градинката „Кочо Рацин“. Традиционалното засадување дрвца беше по трет пат организирано од г-ѓа Иванова во манастирот Св. Никола во село Љубанци, со цел да се спречи свлечиштето на земјата на која лежи манастирот, а кое претставува сериозна закана за вредната градба.

 

Биографија

Првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник кој во слободното време пишува поезија. 

Повеќе

 

Фото галерија

Maja_fotogal