Учество во конференции и настани од дамската програма во рамки на 65-то Генерално собрание на ООН во Њујорк | |
|
На 21 септември, г-ѓа Иванова учествуваше на Тркалезната маса на тема: “Women Connected for Health”, како дел од целодневниот настан „Првите дами во поддршка на Милениумските развојни цели“ во организација на ADA (Advanced Development for Africa) и во соработка со ITU (International Telecommunication Union), како и неколку организации на Обединетите нации.
Наредниот ден, г-ѓа Иванова учествуваше на 3-та годишна Конференција за фокус на аутизмот во организација на меѓународната фондација „Аутизмот зборува“, додека на 23 септември присуствуваше на приемот (tea reception) во организација на сопругата на Генералниот секретар на ОН, г-ѓа Бан Соон-Таек, во чест на првите сопруги(зи) на шефовите на делегациите на 65-то ГС на ОН во резиденцијата на Генералниот секретар на Обединетите нации.
Со особено задоволство вечерта го придржуваше својот сопруг на свечениот прием приреден од Претседателот на САД, Почитуваниот Барак Обама, и сопругата г-ѓа Мишел Обама, организиран во чест на Шефовите на делегации на 65-то Генерално Собрание на ОН.
Во рамките на ова патување во САД, посебно се издвојува учеството на првата дама г-ѓа Маја Иванова на излетот за Првите сопруги(зи) и ручек (Spousal Tour and „Ние се уште не сме опседнати со она што Американците го викаат junk food, но сепак се почесто нашите деца посегаат по брзата храна, а последица е преголемата тежина. Токму затоа и ние размислуваме како да се вклучиме во оваа веќе меѓународна акција и тоа преку едукација на најмладите зашто, како што вели и Мишел Обама, полесно е децата да ги научите на правилна исхрана отколку на возрасните да им ги смените старите навики. Мислам дека навистина ова е многу позитивна иницијатива од која користа е долгорочна за нашите поколенија,“ - изјави г-ѓа Маја Иванова, по посетата на Стоун Барнс центарот.
|