header

header_peperut_-_Copy3

Учество на Женскиот бизнис форум во Истанбул
Петок, 15 Април 2011   

004zenskiМакедонската делегација предводена од Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на 14. Евроазиски економски форум во организација на Мармара фондацијата, во Истанбул, од 13-15 април 2011 година. Во делегацијата беше и г-ѓа Маја Иванова по повод учеството на паралелниот Женскиот бизнис форум на тема: „Сопругите на лидерите како примери (Role Models) и нивното влијание на политиките за жените“.

Во своето обраќање на форумот, г-ѓа Иванова се осврна на позицијата на жената во семејството, жената во политиката, жената во однос на социјалната заштита, во однос на здравството, жените во бизнисот, во културата, и во однос на многу други сегменти од општественото живеење, пренесувајќи ја општата слика на жената во македонското општество. Таа, исто така, ги претстави своите активности од стекнувањето на позицијата на прва дама на Република Македонија, полињата на дејствување, причините за истото, како и иницијативите и проектите планирани за идниот период. Се осврна и на почитувањето и практикувањето на концептите на родовата рамноправност и еднаквите можности на жената во Република Македонија.

„Ве повикувам да опстанеме и тогаш кога чувствуваме дека можеби сме ги истрошиле сите наши сили, да погледнеме длабоко во себе и да пронајдеме нова инспирација за нашите наредни активности. Верувам дека ние, жените, ја имаме волјата и цврстината да го надминеме секој неуспех и да опстоиме во таа борба. Ако не можеме сами, тогаш да се сплоти ме и да  погледнеме во историските примери за вечната инспирација на одредени жени,“ истакна г-ѓа Иванова во своето обраќање на Женскиот економски форум.

Како учесник на форумот, на крајот од настанот учествуваше во церемонија на палење свеќи за сеќавање на жените низ светот кои биле жртви на насилство и повик да се поддржи „Платформата за рехабилитација на жените жртви на насилство“. Г-ѓа Иванова при овој симболичен церемонијален гест потсети на зборовите на првата дама на САД, г-ѓа Еленор Рузвелт која во една прилика посочи: „Подобро е да запалиш свеќа, наместо да ја проколнуваш темнината - It is better to light a candle than curse the darkness“.


 

Биографија

Првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник кој во слободното време пишува поезија. 

Повеќе

 

Фото галерија

Maja_fotogal