header

header_peperut_-_Copy3

Mладите да ги негуваат и чуваат културата, историјата, и духовните вредности- велигденски ручек за сопругите на амбасадорите во Македонија
Сабота, 18 Април 2015   

bigorski1Сопругата на претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, денеска организираше велигденски ручек за сопругите на резидентните амбасадори во Република Македонија, при што беа посетени манастирите „Св. Јован Бигорски" и „Св. Ѓорѓи Победоносец" во дебарското село Рајчица.

На ручекот присуствуваа сопругите на амбасадорите на Италија, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Шведска, Украина, САД и Швајцарија.

Според г-ѓа Маја Иванова, Воскресението Христово е празник над празниците и празник што го слави животот, верата, надежта и љубовта и исполнува со благослов и спокојност, и токму тоа е инспирација и повод за овој настан.

„Заедно со сопругите на резидентните амбасадори во Македонија го посетивме овој крај, бисер на Македонија што некои го нарекуваат и рај на земјата, како и двата манастири „Св. Јован Бигорски" и „Св. Ѓорѓи Победоносец". Домаќините во „Св. Јован Бигорски" на моите гостинки им го претставија историјатот на манастирот и ги запознаа и со другите убавини на овој регион, така што восхитот на нивните лица можеше да се види од убавината, архитектурата, фрескосликарството и духовноста на ова древно македонско светилиште. Ова го сметам и како промоција на мојата земја, Република Македонија, со сите нејзини историски, културни и духовни богатства и од ова место сакам да упатам апел до младите да ги негуваат и чуваат културата, историјата, и духовните вредности што се нераскинлив дел од нашата историја и култура", истакна г-ѓа Иванова.

Сопругата на американскиот амбасадор, г-ѓа Кејпи Полк Бејли, истакна дека за првпат има можност да го посети овој крај.rajchica

„Стоејќи на местото со исклучителна духовност и можноста да се гледаат и други творби со духовност како џамии, планини, реки и шуми, навистина претставува прекрасно задоволство", рече сопругата на американскиот амбасадор.

Сопругата на рускиот амбасадор во Македонија, г-ѓа Лариса Шчербак истакна дека е големо задоволство во време кога сите ние ги одбележуваме велигденските празници да им посака на сите граѓани на Македонија просперитет, здравје и среќа.

„Од манастирот „Св. Јован Бигорски" може да се видат објекти и други верски градби што уште еднаш покажува дека религиозните и другите верски заедници во Македонија го одржуваат и чуваат соживотот", рече г-ѓа Шчербак.

bigorski2

 

Биографија

Првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник кој во слободното време пишува поезија. 

Повеќе

 

Фото галерија

Maja_fotogal