header

header_peperut_-_Copy3

Заедничка прошетка низ знаменитостите на Скопје и Охрид - Дамска програма при официјалната посета на полскиот претседател на РМ
Среда, 11 Септември 2013   

komorovska2Во текот на официјалната посета на Претседателот на Република Полска, сопругите на претседателите на Република Македонија и Република Полска, г-ѓа Маја Иванова и г-ѓа Ана Коморовска, во рамки на организираната Дамска програма имаа можност да посетат и разгледаат дел од значајните културно – историски знаменитости на нашата земја. За време на престојот во Скопје, г-ѓа Иванова и г-ѓа Коморовска ги посетија Музејот на Холокаустот, Македонскиот народен театар и Спомен куќата на Мајка Тереза, а прошетаа и низ Старата Скопска чаршија, разгледувајќи ги изложените автентични предмети кои се одраз на богатата македонска традиција и култура. Сопругите на претседателите ја посетија и црквата „Св. Спас“, а потоа го посетија здружението „Борка – за секој нов ден“ и непосредно изразија поддршка на големиот број жени кои се соочуваат со борбата против ракот.komorovska3Во текот на вториот ден од официјалната посета, претседателите на Република Македонија и Република Полска, заедно со своите сопруги, престојуваа во Охрид ипритоа ги посетија Светиклиментовиот храм на Плаошник, црквата „Света Богородица Перивлепта“ со Галеријата на икони, катедралната црква „Света Софија“, како и манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“.


„На мое големо задоволство, два дена сум домаќин на сопругата на полскиот претседател и моја драга пријателка, г-ѓа Ана Коморовска. Со неа ме врзува едно долгогодишно пријателство во изминатите години, затоа што неколку пати сме учествувале на меѓународни конференции посветени на децата и жените, и на мултилатерални настани, каде што учествувале нашите сопрузи“, истакна г-ѓа Иванова. Г-ѓа Коморовска изрази задоволство од сите посетени места, особено од фасцинантниот Македонски народен театар, а воедно изрази желба во иднина да ја посети Македонија приватно, со цел да ги разгледа и останатите убавини.

komorovska4

 

Биографија

Првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник кој во слободното време пишува поезија. 

Повеќе

 

Фото галерија

Maja_fotogal