Фото-сторија во ТЕА Модерна: дамско дружење на г-ѓа Маја Иванова и г-ѓа Светлана Вујановиќ
|
|
Во рамки на официјалната посета на претседателот на Црна Гора Н.Е. Филип Вујановиќ на Република Македонија, сопругите на претседателите – г-ѓа Маја Иванова и г-ѓа Светлана Вујановиќ, ја искористија приликата за дамско дружење, прошетка низ Скопје и посета на неколку знаменитости. Во рамките на дамската програма, двете први дами на Македонија и Црна Гора го посетија Музејот на современа уметност, црквата „Св. Спас“ и продолжија кон Старата скопска чаршија. Дружењето на дамите се заокружи со посета на Музејот на холокаустот. Со мешани чувства и одговорност кон нацијата двете дами се приклучија кон агендата на сопрузите со уверување за лични заложби вакви трагедии да не се повторуваат.

|