Жената е симбол на сите семејни вредности и темел на заедништвото - Интервју на г-ѓа Маја Иванова за порталот на агенцијата МАРИЛИ | |
|
МАРИЛИ: Како сопруга на четвртиот по ред претседател на независна Република Македонија, која е Вашата улога во професионалните ангажмани на нашиот претседател? ИВАНОВА: Улогата на сопруга на претседател ја чувствувам како улога која ужива привилегии, но со себе носи и голема одговорност. Тргнувајќи од тоа дека сопругата на претседателот е дел од имиџот на претседателот,ми претставува задоволство да го придружувам сопругот секаде, каде тоа од мене го бара протоколот, особено на официјалните посети. Навистина претставува привилегија тоа што имам можност да посетам многу земји и одблиску да се запознам со нивната култура, традиција и МАРИЛИ: Дали според Вас улогата на првата дама е маргинализирана, а со тоа и нејзината функција се става во втор план? ИВАНОВА: Секогаш претпочитам да ми се обраќаат со „сопруга на претседателот“, со оглед на тоа дека кај нас не постои некаква формална рамка за улогата и функцијата „Прва дама“. Сметам дека улогата на сопругата на претседател како животен сопатник е сè повеќе инклузивна во општественото живеење. Години наназад жените во светот, носители на оваа позиција, водени од своите идеи и желби да го дадат својот придонес во одредени сегменти на општественото живеење ја дефинирале титулата „Прва дама“ и нејзината улога. Постојат многу сфери во општеството каде што се вклучени првите дами, политиката, културата, здравствената и социјалната заштита на жените и децата. Најчесто првите дами во светот се вклучени во најразлични хуманитарни активности, што е природно една жена да сака да ги вложи своите напори и да ги искористи своите можности онаму каде што е најпотребно. Сепак, сакам да нагласам дека колку сопругата на претседателот ќе биде активна во општествениот живот, пред сè зависи од нејзината личност. МАРИЛИ: Дали улогата на мајка и сопруга се сè уште Вашите клучни улоги во животот?
ИВАНОВА: Кога се има желба и јасна цел пред себе сè може да се постигне. Не велам дека е лесно, но со добро менаџирање на обврските сè се постигнува. Ја сакам својата работа како советник во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба и го давам својот максимум на работното место. Од работното место отсуствувам исклучиво по потреба, во зависност од обврските кои ги имам како сопруга на претседателот. Кога работите посветено успехот е неминовен. МАРИЛИ: На кои полиња во општественото делување сте најактивна и истовремено се чувствувате најкорисна?
ИВАНОВА: Со оглед на обврските кои ми ги наложува професионалниот ангажман, како и ангажманот во улога на сопруга на претседателот на државата немам многу слободно време, но она што го имам сакам да го искористам и да бидам со моето семејство и нашите пријатели, бидејќи функциите поминуваат, а семејството и вистинските другарства и пријателства остануваат. Поради тоа заслужуваат особена почит и внимание, и се разбира негување на тие односи. Богатството на еден човек не се мери со неговата материјална состојба, богат човек е само оној кој има вистински пријатели покрај себе. Со нашите пријатели не врзува искрено пријателство години наназад и во нивно друштво се чувствувам навистина убаво. Тука не смеам да изоставам еден посебно драг пријател кој секојпат кога ќе го видам ме прави среќна, нашиот шарпланинец Алек. Семејните прошетки заедно со него во природа ни даваат еден посебен мир и спокојство. МАРИЛИ: За збирката поезија посветена на Скопје, ја добивте престижната награда „13 Ноември“. Која е Вашата најголема инспирација за создавање на поезијата, и на кој друг начин ја изразувате Вашата креативност и уникатна енергија? ИВАНОВА: Сакам да пишувам поезија. Тоа повеќе го правев во младоста. Секој автор има свој печат, свој одраз во стиховите што ги создава. Моето творештво секогаш беше проследено со силни емоции и мисли. Сега повеќе се занимавам со музиката, свирењето на пијано навистина ме исполнува, ми ја олеснува душата, ми дава мир, исто како и пишувањето поезија. МАРИЛИ: Дали мислите дека созревањето на едно младо општество како нашето, значи и созревање на македонската жена во сите сфери, позицијата на жената во семејството, жената во политиката, жената во однос на социјалната заштита, во однос на здравството, жените во бизнисот, во културата и во однос на многу други сегменти од општественото живеење? ИВАНОВА: Созревањето на македонската жена е процес кој не е наметнат, туку природен, исполнет со предизвици кои се во согласност со времето во кое живееме. Денес, повеќе се очекува од жената, да се докажува на повеќе полиња, и како мајка, како сопруга, и во кариерата и во социјалниот живот. Сепак, жената сама треба да ги одреди своите приоритети и сама да го одбере и да се стреми кон нејзиниот повик во животот. Дали нејзината улога на мајка ќе биде најизразена, дали нејзината кариера, или пак можеби и двете е нејзин личен избор и тоа мора да се почитува, никако наметнува. Успешна и реализирана е секоја жена која го постигнала тоа што таа од себе го очекува. Успешната кариера не значи откажување од улогата на сопруга и мајка. Едното со другото не се исклучуваат и комбинирањето на успешната кариера и грижата за семејството е апсолутно остварливо благодарение на женската упорност, емотивност и посветеност. Созревањето на македонската жена го гледаме во многу примери денес, а најзначајно од сè е тоа што има проекти кои го величаат и наградуваат нивниот успех. Таква е улогата на вашата организација „Марили“, ги поттикнувате и бодрите успешните, ги поддржувате нивните професионални приказни и давате безрезервна поддршка за натамошен стремеж и пример за останатите.
ИВАНОВА: Во бизнисот жените заземаат сè позначајна улога со видливо зајакнат претприемнички дух. Денес, сме сведоци на постоењето на многу успешни компании раководени од жени, кои ги разбираат условите на пазарот, ја внесуваат својата креативност во производството, промоцијата и маркетингот, и создаваат препознатливи македонски производи и услуги. Сепак, доколку ги разгледуваме статистичките податоци, далеку сме од доволна застапеност на жената на раководни позиции во бизнис секторот во нашата земја. И токму затоа, приказната за успешна жена менаџер е за восхит. Сето ова укажува дека улогата на жените во бизнисот во македонското општество се менува. Затоа, со огромно задоволство го прифатив покровителството на минатогодишниот избор на Агенцијата „Марили“, најмногу поради уникатноста на манифестацијата и опстојувањето на таа идеја цела декада. Ваквиот избор е само уште една потврда дека жената е сè позначаен учесник во бизнис секторот, што од друга страна претставува признание на успесите и кариерата на една жена, како и поттик за идно успешно делување на жената во општеството и нејзин поголем придонес за заедницата. МАРИЛИ: Дали македонската жена, денес ги ужива сите права, но и обврски и како би ја оцениле нејзината успешност, без разлика на нејзиниот социјален статус во општеството?
МАРИЛИ: Здравото семејство е најважната алка за едно општество, пред сè заради генерациите кои се иднината на земјата. Колкав е уделот на македонскиот маж во семејството и дали мајката е таа која е столб? ИВАНОВА: Според мене, семејството е најважната алка во општеството, од каде се започнува. Тука се гради личноста, се воспитува и се насочува. Секој дел од семејството е подеднакво важен, и сметам дека треба и жената и мажот исто да придонесуваат за да се изгради здраво поколение. Столбот може да биде жената, или мажот, според мене нема разлика. Само што жената е природно исполнета со посебно чувство на нежност и суптилност и кога таа презема лидерство, тоа зрачи со топлина и милост. Мораме да инвестираме во нашите деца, како родители ја носиме таа обврска, секој на свој начин, но со единствена цел, создавање здрава генерација која ќе го предводи нашето општество. Затоа, со посебно задоволство се приклучувам или, пак, ги предводам инцијативите кои се посветени на градење здрави идни генерации.
ИВАНОВА: Жената заслужува секој ден да биде посветен на неа, не само еден ден. Сепак, добро е кога постои ден за да се потсетат сите тие кои забораваат дека треба да ѝ се подари цвет на жената која направила многу во животот за нив. И секој ден да биде 8-ми март, има некој што тоа ќе го заборави. Се чувствувам посебно задоволна и среќна што на моите најмили не им треба повод за да ме израдуваат со некоја подарок, цвеќе, прегратка. И го посакувам тоа на секоја жена. МАРИЛИ: Кога би направиле споредба на жената во Р. Македонија со жената во светот, каков е Вашиот став за нејзиниот рамноправен статус во општеството како чинител на општествените текови? ИВАНОВА: Жената во Македонија има на располагање дополнителен сет на права кои се посветени на постигнување на еднаквост и рамноправен статус во општеството. Во насока на нејзина зголемена улога и вклучување во општествените текови, исто така, постои одлична правна рамка и стратегија за нејзин натамошен развој. Нашата земја на жената ѝ нуди многу опции и доколку таа е подготвена, храбра и сигурна во себе, има начин како да ги постигне своите цели без притоа да се чувствува изолирано, понижено, несфатено. Во споредба со правата на жената во целиот свет, Македонија како европска земја, слободно можам да кажам дека многу има постигнато и посветено за подобрување и јакнење на правата на жената. МАРИЛИ: Учествувавте на Женскиот економски форум во Истанбул на тема: „Сопругите на лидерите како примери и нивното влијание на политиките за жените“. Дали жените на сите претседатели во светот можат да водат поздрава и поуспешна политика?
МАРИЛИ: Колку Вам Ви значи празникот 8-ми Март и дали нему пошироко во Европа, или светот му е дадено истото значење како и кај нас? ИВАНОВА: Осми Март претставува значаен ден за борбата на жената за остварување на рамноправност, кој на различни начини се одбележува и прославува во целиот свет. За жал, понекогаш еуфоријата што кај нас се создава околу овој празник ја засенува неговата вистинска смисла. Традицијата создадена во некој изминат период резултира со малку поинаква претстава за празникот и поинакво прославување од останатите земји во светот. Во секој случај верувам дека 8-ми Март им е еднакво драг на сите жени, иако и останатите 364 дена во годината не се помалку значајни за жените и за нивниот рамноправен статус во општеството.
|