Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование на возраст меѓу 23 и 35 години, дипломирани студенти и професионалци со 1 до 5 години работно искуство, чиишто сфери на интерес се цивилното општество, економијата и политиката. Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат нивните лидерски вештини и да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Школата традиционално се одржува секоја година кон крајот на август, додека конкурсот за избор на учесници се отвора кон почетокот на месец мај.
Услови за конкурирање: • Одлично познавање на англиски јазик • Просек од високо образование да биде еднаков или поголем од 8,5. (или еквивалентно доколку се работи за диплома од странство) • Работно искуство од една до пет години како и магистратура од соодветната област се смета за предност.
Потребни документи за aпликација: • Две препораки од вашата организација, компанија или факултет. • Потврда за одлично познавање на англиски јазик. • Копија од Уверение за положени испити. • Биографија • Кратко мотивациско писмо
Критериумите за селекција на учесниците во Школата за лидери се засновани, пред сè, врз академските и професионалните достигнувања на индивидуите кои аплицираат. Во процесот на селекција Комисијата, секако, ги вреднува и нивните индивидуални достигнувања, примери за преземено лидерство, комуникациските вештини, животните начела, елаборацијата на нивната визија за сопствената и иднината на Република Македонија.
|