News
alijev
Средба со претседателот на Република Азербејџан г. Илхам Алијев
Tuesday, 28 April 2015 12:37
There are no translations available.

Одличните политички односи треба да се материјализираат со економска соработка, е заклучокот од денешната средба во Баку на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, со претседателот на Република Азербејџан, г. Илхам Алијев.

Двајцата претседатели разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, оценувајќи дека на 20-годишнината од нивното воспоставување се базираат на меѓусебно разбирање, пријателство и заеднички интерес за нивно натамошно проширување и продлабочување.

Заемна констатација беше дека одличните политички односи треба да се материјализираат со економска соработка и јакнење на трговската размена меѓу двете земји, како и иницирање на директни азербејџански инвестиции во македонското стопанство.

Во таа насока претседателот Алијев ја прифати поканата од претседателот Иванов за официјална посета на Република Македонија во наредниот период, а договорено беше надлежните институции како и бизнис заедниците на двете земји да ги продолжат и да ги интензивираат контактите.

Азербејџанскиот претседател го информираше претседателот Иванов за енергетските и гасоводни проекти, кои се во фаза на реализација и кои се планирани во Каспискиот регион (Тап и Танап), и притоа беше договорено во најскоро време да отпочнат консултации на таа тема. На средбата беше разговарано и за можни инвестиции во земјоделството и инфраструктурата, и за натамошна соработка на мултилатерален план, а беа разменети информации и за актуелните состојби во регионот на Југоисточна Европа и на Каспискиот регион.‎

Претседателот Алијев упати честитка за реформите и резултатите кои Република Македонија ги постигнува во економијата и бизнис климата. Претседателот Иванов ја прифати поканата од претседателот Алијев за учество на отворањето на Европските игри во Баку во 2015-та година.
alijev_ivanov

canakale_1
Претседателот Иванов на одбележување на 100 годишнината од битката на Чанаккале
Friday, 24 April 2015 12:00
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Република Турција, на покана на претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган, по повод свеченостите за одбележување на 100 годишнината од битката на Чанаккале.

Претседателот Иванов присуствуваше на главната сесија на конференцијата „Првата светска војна на нејзината 100 годишнина", на која учествуваа и премиерите на Турција, Австралија, Нов Зеланд и претседателот на Ирак, како и на вечерата која во чест на шефовите на држави и влади ја приреди претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Иванов учествуваше и на свеченостите во меморијалниот центар на жртвите од Комонвелтот, „Cape Helles Commonwealth Memorial" во Чанаккале.

Покрај македонскиот претседател на церемонијата присуствуваа државници од над 60 држави од целиот свет, меѓу кои дваесетина шефови на држави, премиери, министри, претседатели на парламенти, како и претставници на меѓународни организации. Меѓу присутните беше и Н.В. Принцот Чарлс кој имаше свое обраќање во име на Сојузниците, претседателите на Ирска, Ирак, Азербејџан, Албанија, Црна Гора, Косово, претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, емирот на Катар, како и премиерите на Австралија, Нов Зеланд, спикерот на руската Дума.

Во делегацијата предводена од претседателот Иванов е и началникот на Генералштабот, Горанчо Котески.
canakale_2

 
Start < Prev 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Next > End
Page 75 of 198