header

header_peperut_-_Copy3

Г-ѓа Маја Иванова на Гала концерт на младиот уметник Вејчеслав Поповски
Сабота, 14 Април 2018   

Obrakjanje_g-gja_Maja_Koncert_Сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, присуствуваше на Гала концертот на младиот уметник Вејчеслав Поповски, што се одржа во Македонската опера и балет.

Во своето поздравно обраќање г-ѓа Иванова, изрази поддршка за ваквиот подвиг на  Поповски, истакнувајќи дека тој е млад но веќе искусен уметник којшто својот ентуизијазам, енергија и љубовта кон музиката успешно ги пренесува на публиката.

Вејчеслав Поповски досега учествувал на голем број фестивали во земјава и во странство, во 2013 година на Светскиот музички шампионат во Холивуд, беше награден со "Светски шампион во три стила: опера, латино и отворен стил". Освен во полето на вокалната изведба, 17 годишниот уметник аранжира, свири, но и изработува неколку музички инструменти. Досега самостојно ги изработил инструментите Прим и Виолина.

За време на неговиот Гала концерт „Љубовна елегија", на којшто беа изведени стари македонски народни песни, Поповски беше придружуван од оркестарот на Македонската опера и балет.

 

Биографија

Првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник кој во слободното време пишува поезија. 

Повеќе

 

Фото галерија

Maja_fotogal