News
maraton
Свечено доделување на наградите за победниците на Охридскиот пливачки маратон
Sunday, 21 August 2016 00:00
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов свечено им ги врачи пехарите и наградите на победниците на годинешниот, 30-ти по ред Охридски пливачки маратон, на македонскиот пливач Томи Стефановски и победникот во женска конкуренција,  Олга Козидуб од Украина.

Претседателот Иванов во поздравното обраќање на свечениот приемна пливачките маратонци истакна дека чест и задоволство е да се биде покровител на една од најзначајните спортски манифестации во Македонија.

„ Дозволете од се срце да им честитам за постигнатото и на победниците и на оние кои годинава не се закитија со трофеите. Сакам да знаете дека овде нема поразени, сите кои учествуваат се победници. Ви посакувам и понатаму да продолжите  да доаѓате на Охридскиот маратон и воопшто во Република Македонија . Вратите, секогаш, ви се ширум отворени", порача претседателот Иванов.

Претседателот Иванов истакна дека Охридскиот маратон остава  особен печат преку драматичната спортска претстава на врвните светски маратонски пливачи. „Токму пливачите кои се во постојана борба со времето и водата, но и со себеси и со своите можности се главните актери на овој особен спортски настан. Тие се инспирација за сите останати, и тие преку тренинг, волја и истрајност да успеат во својот живот", рече во обраќањето македонскиот претседател.

Инаку на македонскиот пливач Томи Стефановски кому ова му е 17-ти настап на маратонот во Охрид, патеката „Климе Савин" од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид долга 30 километри ја исплива за 5:55:18 часа. Второто место му припадна на Едуардо Стокино од Италија, а третопласиран на охридскиот маратон е Матеус Евангелиста од Бразил.

Победник во женска конкуренција е Олга Козлодуб од Украина која низ целта мина заедно со победниците во машка конкуренција, второпласирана е Дарија Килик од Русија, додека како трета на целта пристигна Пилар Геиљо од Аргентина.

Охридскиот маратон што се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, е редовна трка од „Гран-при" серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА) и е најголемата меѓународна спортска манифестација во земјата.

maraton1 

lideri1
Иванов: Потребни ни се лидери за во иднината, но и во сегашноста
Monday, 15 August 2016 12:22
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов денеска ја отвори Школата за млади лидери што на негова иницијатива по седми пат се одржува во Охрид, како проект што ги обединува младите и талентираните луѓе од земјата на едно место каде ќе ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, својата креативност, менаџерските способности.

- Оваа Школа е наменета пред се на лидерите на иднината, но и лидерите на сегашноста, уште повеќе што живееме во време на големи промени, предизвици, кризи. Но секоја криза е можност за нови решенија, шанса за нови концепти и визии, рече претседателот Иванов во обраќањето пред учесниците на Школата.

Претседателот им укажа на младите лидери дека низ целиот живот ќе се соочуваат со потребата да помагаат, да нудат решенија, да бидат тие кои ќе бидат иновативни, креативни.

- Времето е такво што секоја област во секојдневниот животот е подложна на промени и бара луѓе кои се иновативни, луѓе кои ќе нудат решенија, личности кои ќе излегуваат надвор од воспоставените догми, теории, пракси. Имате извонредна можност да ги слушнете искуствата, да ги сознаете вештините, не знаењата, туку да ги осознаете начините како да дојдете до применливи знаења што ќе им овозможи уште поголем успех во своите области, во своите средини, рече меѓу другото претседателот Иванов.

lideri2Македонскиот претседател уште потести на универзалните хуманистички пораки на Свети Климент Охридски, просветителот кому оваа година му се одбележува 1.100-годишнината од неговото упокојување.

- Да се престигнуваме во добрината, таа е онаа нишка што провејува низ сите луѓе кои живеаат на овој простор и секојпат се приклонуват кон неа. А добрината оди со убавината, не случајно тука се вели дека убав е оној кој е добар. Секојпат мислете на она позитивното, бидете креативни и настојувајте да бидете најдобри, да водите, предводите, затоа сте и лидери, рече претседателот Иванов.

Пред учесниците на седмата Школа за млади лидери уште свои обраќања имаа и поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов, Исмаил Серагелдин, директор на Александриската библиотека, професорот Зоран Илиески од Правниот факултет во Скопје и Фан Меихуа од Оддделот за човечки ресурси на компанијата „Хуавеј".

За Маја Гугоска, учесник на годинешната Школа за млади лидери чие седмо издание е наменето претежно за припаднички на понежниот пол, оваа меѓународна обука е еден вид спој на креативноста, квалитетот и амбициите на младите луѓе.

- Очекувањата се најпрво да се стигне до успешно лидерство и секако да се научат некои животни вештини што на сите нас ќе ни бидат од полза во натамошниот живот, како на професионален така и на приватен план, рече таа.

Наредните десеттина дена колку што трае Школата младите лидери ќе имаат можност да ги чујат искуствата на признаени личности во своите области, експерти од сите области, еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции. Меѓу нив се и претседателот на Латвија Ваира Вике-Фраиберга, градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, директорот на Евроконтрол Франк Бренер, професорот Ѓорѓија Петковски од Универзитетот во Пенсилванија, претседавачот Извршниот комитет на Трилатералната комисија на Република Србија Јован Ковачиќ, како и Дејвид Голдсмит, еден од водечките светски бизнис-предвидувачи и експерт за менаџмент и лидерство.

Инаку, Школата за млади лидери е лична иницијатива на Иванов со досега реализирани шест интензивни тренинзи за лидерство од 2010 година наваму, со учество на над 240 млади луѓе. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација - ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение кое што низ семинари, панел-дискусии, предавања и учества во младински настани, овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.

lideri3

001_poplava_singelik_2
Претседателот Иванов во посета на најкритичните точки во Скопско
Sunday, 07 August 2016 16:17
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, придружуван од началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, скопскиот градоначалник Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, како и од претставници на полицијата, денеска направи увид во состојбите во најкритичните точки близу скопската обиколница кои беа најпогодени од синоќешното невреме.

Претседателот Иванов изрази сочувство и жалење за жрвите од невремето, како и за повредените. Информира дека на терен се 400 припадници на АРМ и 300 полицајци кои поделени по региони им помагаат на локалните жители.

Порача граѓаните да помогнат и на веќе отворените пунктови да донираат вода, храна... зашто сега, како што потенцира, е момент за хуманост. Се очекува, додаде претседателот Иванов, да биде прогласен и ден на жалост, а ќе се отворат и жиро сметки каде ќе може да се донираат финансиски средства за санирање на штетите.

001_poplava_singelik„Досега ваква непогода не се случила. Штетите се огромни, но тие ќе се надоместат, а изгубените животи не може да се вратат. Ги повикувам сите граѓани да помогнат бидејќи сега тоа е најнеопходно. Летен период е, можни се многу непријатности. Понудена е медицинска помош, како и помош од сите институции. На најпогодените места каде моментно се наоѓаме, уништени се многу домови, како и инфраструктура", изјави македонскиот претседател, додавајќи дека кризниот менаџмент е активиран, а Владата заседава.

Претседателот Иванов ја посети и населбата Сингелиќ, по што продолжи во останатите најкритични точки од овој регион, нагласи дека како врховен командант презема се што е во негова надлежност и така ќе продолжи, институцијата Претседател максимално ќе се ангажира во рамки на нејзините ингеренции.

Во текот на обиколката во погодените подрачја, надлежните објаснија дека од десната страна на скопската обиколница што води кон клучката Црешево - Стајковци преполн е специјално направениот базен за собирање вода, длабок 20 метри, што укажува, рекоа, на јачината на невремето што го зафати Скопско.
001_poplava_singelik_3

Kandidati_mladi_lideri_1
45 учесници на годинашната Школа за млади лидери на претседателот Иванов
Sunday, 31 July 2016 00:00
There are no translations available.

На седмата по ред Школа за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 14 до 26 август во Охрид, ќе учествуваат вкупно 45 учесници и 21предавач. Меѓу предавачите на Школата, информираат од претседателскиот кабинет, оваа година се поранешните претседатели на Латвија и на Бугарија, г-ѓа Вајра Вике-Фрајберга и г. Петар Стојанов, директорот на Александриската библиотека во Египет, г. Исмаил Серагелдин, како и еминентни професори, бизнисмени, претставници на врвни институции од Република Македонија и од странство.

45-темина учесници на Школата доаѓаат од различни академски средини. Меѓу нив има успешни поединци кои своите додипломски или постдипломски студии ги завршиле на универзитетите во земјава и на реномирани универзитети од Европа и од САД.

Kandidati_mladi_lideri_2„Очекуваме и годинава да продолжи нагорниот тренд во развојот и функционирањето на Школата за млади лидери, која стана значаен сегмент и платформа во општественото дејствување на успешните млади луѓе во Република Македонија. Годинашните учесници ќе имаат можност да ги споделат своите искуства, да ги прошират своите контакти, а стекнатите знаења и вештини од предавањата да ги применат во нивните професионални средини и ангажмани при идните животни предизвици" велат од Кабинетот на претседателот Иванов.

Реализацијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов е во целост поддржана од приватниот сектор преку донации.

Школата за млади лидери за првпат беше одржана во август 2010 година во Охрид. Во текот на изминатите шест години на неа учествуваа околу 240 млади луѓе од различни академски и професионални области. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, каде што преку организација на семинари, панел-дискусии, предавања и учества во младински настани, продолжува развојот на нивните знаења и вештини.
Kandidati_mladi_lideri_3

10
Претседателот Иванов на јужната граница: Нашите институции се подготвени за можен втор бран на мигранти
Wednesday, 27 July 2016 14:30
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, во придружба на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски денеска ги посети припадниците на АРМ ангажирани на јужната граница. Претседателот Иванов посочи дека нашите безбедносни сили се подготвени за евентуален втор мигрантски бран.

„Иако Балканската рута е затворена неколку месеци, Армијата констатира зголемен број илегални минувања на државната граница и појава на криумчарење мигранти преку нашата територија. Армијата заедно со полицијата имаат спречено 18.000 илегални преминувања", истакна претседателот Иванов.

Зачестено е и уништувањето на заштитната ограда.

„Досега се забележани и евидентирани околу 700 обиди на сечење на оградата и уништување. Тоа кажува дека иако Балканската рута е затворена, сепак голем број мигранти, бегалци, економски мигранти настојуваат да ја пробијат нашата заштитна ограда и да влезат и да го активираат овој коридор кој сега е затворен", додаде претседателот Иванов.

Мора да им се оддаде признание на сите војници и офицери, истакна претседателот Иванов, за тоа што досега успешно се справуваат со сите предизвици, но исто така мора да им се оддаде признание и на полицајците и на сите субјекти од кризниот менаџмент кои се вклучени и кои секој ден ја следат состојбата и ги информираат сите надлежни институции за состојбите со илегалната миграција.

Македонскиот претседател посочи дека се потврдија сите предупредувања што ги даваше Македонија во минатото дека Балканскиот коридор на илегална миграција се користи и од лица - терористички борци.1

„Сите наши предупредувања се потврдија. Секојдневно гледаме низ Европа има акти на насилство, терористички акти и веќе речиси се ближи бројот околу 500 загинати во последно време низ Европската унија кои се предизвикани од лица кои доаѓаат од Блискиот Исток, боиштата и кои, користејќи го бранот на бегалци, кој беше минатата година и почетокот на оваа година, успеале да дојдат до земјите кои се членки на ЕУ", рече претседателот Иванов.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Македонија треба да го следи примерот на Србија и Бугарија и да повлече повеќе припадници безбедносни сили, претседателот Иванов рече дека засега има доволен број припадници на АРМ и на полицијата на јужната граница и тие си ја извршуваат својата работа. Настаните, посочи тој, се следат дневно и како постои потреба така и бројот на војниците се зголемува.

„На нас ни треба во овој период Армијата да е одморена. Ако дојде евентуално вториот бран да биде подготвена, како и минатиот пат да се справи со сите тие предизвици", рече македонскиот претседател.
Се укажува, додаде претседателот Иванов, дека тој број ќе се зголемува и дека сите сме изложени на опасност од такви терористички акти.

„Како се губи територијата на ИСИЛ на боиштата во Сирија, но исто така и во Либија, голем дел од тие лица се обидуваат да се вратат од земјите од каде што отишле на боиштата или, пак, кои заедно со мигрантите стигнале на територија на ЕУ да преземат такви акции", истакна македонскиот претседател.

Имајќи предвид дека само Балканот има преку 1.000 странски борци на боиштата во Сирија, а 60 отсто од нив се вратени, според претседателот Иванов, и нашиот регион не е исклучен од можни терористички акти.

„Затоа, сево ова што го прави Армијата со поддршка на Полицијата која е тука да и даде поддршка, е од корист на сите земји кои се долж и Балканската рута, но и долж Европа како континент", рече претседателот Иванов.

Македонските служби и полицијата, истакна македонскиот претседател, интензивно ги следат лицата кои се повратници од боиштата.

„Ја кажувам бројката, 86 имаме во моментот во Македонија. Дел од нив се и преку акцијата „Ќелија" приведени, дел од нив се следат, но тоа е тешко докажлив дел, не можете да докажете ако немате докази и Полицијата и службите досега ефикасно се справуваат со тоа, но тоа се и поединечни акти на насилство. Никогаш не можете да предвидите кога ќе се случат. Досега нашите служби успешно се справуваат", рече претседателот Иванов.

Претседателот Иванов потенцираше дека и локалното население треба да знае за тие лица и треба да соработува со надлежните институции и да ги пријавуваат тие лица кои се потенцијални можни сторители на такви терористички акти.11

„Во последно време интензивирана е рутата кон Италија и, како што кажа Иванов, многу бегалци од југот на Африка се пробиле преку Либија и доаѓаат до Централномедитеранската рута и одат повторно во Италија. Оваа медитеранска земја, во последно време е изложена на илјадници мигранти, но како таму ќе се блокира тој бран од Африка, тие ќе настојуваат да доаѓаат до нашиот коридор", истакна претседателот Иванов.

За тоа што може да очекуваме во наредниот период, претседателот Иванов одговарајќи на новинарско прашање повтори дека нашите институции во континуитет ги следат настаните и оти се што е во наша моќ е преземено.

„Нашите служби за разузнавање, Полицијата, Армијата ги следат сите настани и не информираат. Информирани се сите субјекти на Кризниот менаџмент, сите субјекти од страна на Центарот за управување со кризи, така што се што е во наша моќ е преземено и ние превенираме. Можеме да не бидеме скромни, другите од нас учат како да постапуваат затоа што тоа што ние го презедовме беше модел како да се соочите со овој предизвик кој ќе трае. Ова нема да застане ни оваа година ни идната, ќе бидеме на ова сведоци во текот на целиот наш живот затоа што населението од Азија, Африка е, кажав веќе, раздвижено и се стреми кон Европа, но ние сме на дел од една од тие рути и ние мора да си ја чуваме нашата територија и сами да носиме одлуки", рече претседателот Иванов.

За жал, потенцираше македонскиот претседател, ние сме оставени само на себе и сами ги носиме одлуките и се прилагодуваме.

„Армијата сама презема мерки, се прилагодува на секоја нова состојба, така што досега успешно го правиме, ни помагаат земјите долж рутата, се соработува со земјите што имаме од нив поддршка и помош. Но, се уште е неопходно она што ни беше ветено од ЕУ да го добиеме, односно опрема и за биометриски податоци и термални камери и сета онаа опрема што ќе го поедностави начинот на контролирање на оградата затоа што сите ресурси се наши, од нашиот буџет. Армијата троши огромни ресурси од буџетот, нашиот буџет. Армијата нема добиено никаква помош досега, така што и покрај сето она што ни се случува во државата и покрај политичката криза, ние досега покажавме како успешно се справува една земја со овој предизвик", истакна претседателот Иванов.
2

 
Start < Prev 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Next > End
Page 47 of 198