News
maraton_Ilik
Претседателот Иванов ги пречека маратонците на својата цел - поттик и пример за сите млади луѓе
Thursday, 08 September 2016 10:25
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го пречека познатиот спортист хуманист и светски рекордер Емил Илиќ кој придружуван од тројца млади маратонци, го заврши пешачкиот маратон во должина од 268 километри, што се реализираше по повод 25-годишниот јубилеј од независноста на Република Македонија.

Претседателот Иванов, честитајќи го успехот на маратонците, истакна дека на овој наш голем празник, ваквиот подвиг е поттик и позитивен пример за сите млади луѓе во Македонија.
Илиќ, на својата цел во Кабинетот на Претседателот, повика на обединување на граѓаните за напредок на нашата земја.

„Мислиме дека ова е добар пример за целиот македонски народ, особено за политичарите, како што се обединуваме ние спортистите и тие да се обединат, со цел напредок на Република Македонија, затоа што тоа го заслужува Македонија и македонскиот народ", истакна Илиќ.

Тој додаде дека патот што го изоделе бил исклучително тежок поради неповолните временски услови. Рече дека двајца од маратонците коишто го придружувале, биле приморани да се откажат поради повредите со кои што се здобиле.
Маратонот стартуваше од манастирот „Свето Преображение" во Крушево, додека маршрутата се одвиваше преку  Росоман, Градско, Велес и Скопје.

Илиќ на приемот во Вила Водно му врачи плакета на претседателот Иванов, како израз на благодарност, за неговата континуирана поддршка за развој и унапредување на спортот во Република Македонија.

Емил Илиќ во 2007 година се стекна со титулата светски рекордер во пешачки маратон, што му ја издаде Академијата за светски рекордери од Лондон, Велика Британија.
maraton_Ilik_3

MAJKA_TEREZA_3
Претседателот Иванов: Македонија треба да е горда што има сограѓанка Светица
Sunday, 04 September 2016 13:52
There are no translations available.

„Ние треба да сме горди затоа што имаме сограѓанка Светица. Треба да сме горди за нејзиното дело, на сето тоа што го направила. Ние кои живеееме на истиот простор истото да го направиме, да ја продолжиме таа енергија што ја имала целиот свој живот, со истиот интензитет и намера да се шири добрина, помош и утеха", порача претседателот д-р Ѓорге Иванов од Ватикан, по прогласувањето на Мајка Тереза за Светица.

Претседателот Иванов истакна дека тоа треба да го прават и сите наши соседи бидејќи на Балканот, како што рече, се потребни повеќе лица кои знаат тоа да го почитуваат, но и да го продолжуваат затоа што сета тајна, како што рече, е во давањето помош на тој што има потреба.MAJKA_TEREZA_2

„Веројатно Мајка Тереза би била среќна да го славиме нејзиното дело, милосрдието и помошта, затоа што секој што сака да и оддаде почит треба да дава на тие што имаат потреба, да им понуди надеж и милосрдие на безнадежните", рече претседателот Иванов, додавајќи дека нејзината мисија, сето тоа што го научила во своето детство, во својот живот во Скопје, како микрокосмос на различни религии и идентитети, го спроведувала и промовирала насекаде.


За претседателот Иванов денешниот ден е историски, со историски настан, канонизација на Мајка Тереза за Светица, на кој присуствуваше македонската државно – црковна делегација заедно со другите делегации. „Ова е ден кога целиот свет слави, на плоштадот беа присутни луѓе од сите континенти, сите луѓе кои го продолжуваат делото на Мајка Тереза", рече претседателот Иванов.

Македонскиот претседател информира дека македонската делегација, која имаше почесно место на настанот, имала куса средба со Папата Франциск, кој му потврдил на македонскиот претседател дека ќе дојде во Македонија. „Јас знам дека ќе дојдам во Македонија", рекол Папата.

Во состав на македонската делегација, покрај претседателот Иванов, беа и премиерот Емил Димитриев, министрите за надворешни работи и за култура, Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, претставници на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и претставник на фамилијата на Мајка Тереза.
MAJKA_TEREZA_1 

sertifikati01
Претседателот Иванов ги додели сертификатите на учесниците на седмата по ред Школа за млади лидери
Thursday, 25 August 2016 07:56
There are no translations available.

„Никој неможе да ве спречи да се воздигнувате и да бидете подобри, поуспешни и поквалитетни. Секој од вас треба својот дом, своето семејство и својата држава да ги гради во височина. Ако се воздигнувате кон височината, никој нема да може да ви постави граници и лимити ", им порача вчеравечер претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на учесниците на седмата по ред Школа за млади лидери што се одржа во Охрид.

На доделувањето на сертификатите за учество на оваа интензивна лидерска обука, македонскиот претседател посочи дека оваа Школа која за првпат беше организирана во 2010 година, досега ја посетиле речиси 300 млади луѓе од Македонија, дијаспората но и од странски држави.

„Преку овие предавачи на Школата за млади лидери, сите нивни искуства, сите нивни знаења и вештини, но и лични приказни, сакаме да ви ги пренесеме вам. Тие имаа само пофални зборови за вас учесниците. Среќни сме што во изминативе 7 години, речиси 300 млади луѓе од Република Македонија, од нашата дијаспора и од странки држави, стекнаа искуства, знаења и се запознава меѓу себе, " рече претседателот Иванов, порачувајќи им на младите лидери да го споделуваат своето знаење со останатите..

Тој изрази надеж дека пријалелството стекнато на оваа обука, ќе продолжи и преку Иванов Школата за Лидери - Алумни Асоцијацијата, каде што секој од учесниците може активно да се вклучи и да даде свој придонес.

"После завршувањето на оваа Школа, можете да се вклучите во иницијативи кои се хумани, кои се позитивни. Можете да иницирате било каква идеја или предлог, како што вашите бивши колеги своите идеи ги пренесоа во Алумни Асоцијацијата, а дел од нив и успешно ги остварија започнувајќи свои старт-апови, бизниси, школи и сл.

Претседателот Иванов уште им порача на учесниците секогаш да се стремат кон нешто што ќе ги исполнува.

„Бидете добри луѓе, добри родители и добри граѓани. Ширете ги вистината и позитивните идеи... Вие сте на некој начин првата генерација која ги користи новите технологии да може да комуницира со било кој, на било кое место на планетата, во реално време. Затоа овие придобивки користете ги разумно", рече меѓудругото македонскиот претседател

На годинешната школа учествуваат 45 млади лидери, кои имаат можност да чујат искуствата, знаењата и видувањата за лидерството на вкупно 28 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Република Македонија, Европската унија, САД, Австралија и Египет.

Меѓу предавачите на седмата по ред Школа за млади лидери се поранешните претседатели на Латвија и на Бугарија, г-а Ваира Вике-Фреиберга и г.Петар Стојанов, градоначалникот на Солун, г. Јанис Бутарис, директорот на Евроконтрол г. Франк Бренер, истражувач на Вартон Школата при Универзитетот во Пенсилванија, д-р Ѓорѓија Петкоски, претседавачот на Извршниот комитет на Трилатералната комисија на Република Србија г. Јован Ковачиќ, како и еден од водечките светски бизнис предвидувачи и експерт за менаџмент и лидерство, г. Дејвид Голдсмит.

Во изминатите шест години на школата учествуваа над 140 предавачи меѓу кои генералниот секретар на ОН, г. Бан Ки-мун, поранешните претседатели на Чешката Република и на Република Србија, г. Вацлав Клаус и г. Борис Тадиќ, поранешните претседатели на Република Бугарија и на Република Албанија г. Георги Прванов и г. Бамир Топи, поранешниот потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија, г. Франко Фратини, претседателите на Светската и Европската академија на науките и уметностите, г. Иво Шлаус и г. Феликс Унгер, како и многу амбасадори, функционери од Европската унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании и професори од реномирани светски универзитети.

Идејата на Претседателот Иванов е преку одржувањето на школата да им се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградат и усовршат своите вештини, да ја развијат својата креативност и лидерски способности.

Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, кое преку организација на семинари, панел дискусии, предавања, средби со амбасадори, учество во младински настани, продолжува со развојот на знаењата и вештините на досегашните учесници на школата.

sertifikati02

 
Start < Prev 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Next > End
Page 46 of 198