News
skola_zatvoranje0
Свечено затворање на 8. Школа за млади лидери - претседателот Иванов ги додели сертификатите на учесниците
Wednesday, 30 August 2017 00:00
There are no translations available.

Пристигнавте на првата станица од ова патување, на школата наречена живот во 21 век. Се надевам дека вашите предавачи ви помогнаа да осознаете кои се предизвиците на ЕУ, што се случува во САД, што е позадината на успехот на Кина, каков ќе биде светот во кој ќе живеете. Користете го стекнатото знаење, споделувајте го, применете го и на тој начин бидете успешни, бидете позитивен пример за другите, исполнети со надеж за животот што стои пред вас, порача претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на 40-те учесници на осмата Школа за млади лидери што од 21 август се одржуваше во Охрид.

Претседателот Иванов им рече на младите лидери да не веруваат на ниту едно од предвидувањата за некакви црни сценарија за кои времето покажа дека не се оствариле туку напротив - самоуверено да чекорат напред низ животот исполнет со многу нови сознанија, технологии, вештини во кој, како што забележа „ќе доминира биологијата заедно со нано-технологијата, во време кога информатиката вмрежена со вештачката интелигенција ќе нуди одговори на прашања и на предизвици за кои претходните генерации не ми замислувале дека човекот може да навлезе во тие сфери..."

skola_zatvoranje1„Во 21 век ќе се соочите со многу иновации и применето знаење. Ќе видите дека богатството доаѓа од знаењето. Од вас очекуваме во ова време сосема поразлично од досега, преку овој начин на совладување на новите вештини и знаења да бидете уште поуспешни и да предводите, како што и вашите претходници веќе управуваат со институции, корпорации, фирми, јавни установи", додаде тој, посакувајќи им преку Алумни асоцијацијата на Школата да ги споделуваат стекнатите знаења, а преку љубов и почитување и преку развивање на остварените контакти и пријателства да дојдат до остварување на личната среќа и професионална реализираност.

Поранешниот претседател на Република Албанија Реџеп Мејдани за Школата за млади лидери во Охрид рече дека е добро осмислена иницијатива, позитивен пример за дообразување на младите луѓе.

- Секоја иницијатива, школа, организација што има за цел зближување на младите луѓе, нивна едукација служи во насока на нивна понатамошна соработка за остварување на заеднички цели и повисоки интереси, во служба на мирот и напредокот, рече Мејдани.

Десетдневната Школа што веќе традиционално се одржува на иницијатива на претседателот на Република Македонија има за цел преку предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот да им даде можност на младите, талентирани и иновативни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности.

Во изминатите осум години на школата учествуваа повеќе од 300 млади луѓе и над 160 реномирани предавачи, меѓу кои Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, поранешните претседатели на Чешка и на Латвија, Вацлав Клаус и Ваира Вике - Фреиберга, поранешните претседатели на Србија, на Бугарија и на Албанија, Борис Тадиќ, Георги Прванов, Петар Стојанов и Бамир Топи, поранешниот потпретседател на ЕК и поранешен министер за надворешни работи на Италија, Франко Фратини, претседателите на Светската и на Европската академија на науките и уметностите, Иво Шлаус и Феликс Унгер, како и голем број амбасадори, функционери од ЕУ, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании и професори од реномирани светски универзитети.

Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, коешто низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.

skola_zatvoranje

Skola1
Отворена осмата Школа за млади лидери на претседателот Иванов
Monday, 21 August 2017 15:07
There are no translations available.

Школата за млади лидери е обука на успешните, затоа што со самото тоа што сте тука меѓу нас сте тие што се најуспешни. Ние се обидуваме најуспешните ги направиме уште поуспешни затоа што во секое општество се неопходни луѓе кои водат, рече претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на отворањето на осмата по ред Школа за млади лидери, што по негова иницијатива се одржува од денеска до 31 август во Охрид.

„Ви посакувам овие денови поминати на оваа обука да ги осознаете сите вештини од овие луѓе кои зад себе имааат успешни кариери, кои направиле нешто и постигнале во животот и затоа се со нас. Ова е школа и обука на успешните, затоа што со самото тоа што сте тука меѓу нас сте тие што се најуспешни. Ние се обидуваме најуспешните да ги направиме уште поуспешни затоа што во секое општество се неопходни луѓе кои водат. Многумина не знаејќи што се случува ја поистоветуваат оваа школа со старите школи за политика. Нема тука политика. Тука има вештини за водење и раководење, вештини за создавање на проекти за аплицирање на грантови и наоѓање решенија. Тука е момент за иновација и креација. Ви посакувам овие денови да ви бидат исполнети со многу нови идеи, да ни бидат исполнети со многу нови проекти, со многу нови познанства и многу вмрежувања", рече претседателот Иванов на отворањето на Школата.

На свеченото отворање се обратија и поранешниот претседателот на Бугарската академија на науките д-р Стефан Воденичаров, главниот извршен директор на „ТАВ Аеродроми" д-р Сани Шенер, претседателот на управниот одбор на „ЕВН Македонија", г. Штефан Петер, деканот на колеџот Шварцман при Универзитетот Чингуа д-р Давид Пан, амбасадорот д-р Георг фон Хабсбург, и д-р Зоран Илиевски, професор на Правниот факултет "Јустинијан Први" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", во Скопје.

На годинешната школа ќе присуствуваат вкупно 22 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Република Македонија, Европската унија, САД и Кина, кои ќе ги пренесат своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на школата.

Меѓу предавачите на осмата по ред Школа за млади лидери се и поранешниот претседател на Република Албанија, г. Реџеп Меидани, професорот на Вартон Школата при Универзитетот во Пенсилванија, д-р Ѓорѓија Петкоски, професорот на Универзитетот во Цирих, д-р Марко Штенберген, како и еден од водечките експерти за бизнис менаџмент и лидерство, г. Дејвид Голдсмит.

Предавања на школата ќе одржат и други истакнати поединци, лидери на успешни компании, и претставници на етаблирани институции од Македонија, Норвешка, Австрија и други земји.

Школата за млади лидери е лична иницијатива на претседателот Иванов. Досега се организирани седум интензивни тренинзи за лидерство – вo 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година. Идејата на претседателот Иванов е да се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности.

Програмата на школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.

Во изминатите седум години на школата учествуваа 280 млади луѓе и над 160 реномирани предавачи, меѓу кои поранешниот Генерален секретар на ОН, г. Бан Ки-мун, поранешните претседатели на Чешка и на Латвија, г. Вацлав Клаус и г-ѓа Ваира Вике - Фреиберга, поранешните претседатели на Србија, на Бугарија и на Албанија, г. Борис Тадиќ, г. Георги Прванов, г. Петар Стојанов и г. Бамир Топи, поранешниот потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија, г. Франко Фратини, претседателите на Светската и на Европската академија на науките и уметностите, г. Иво Шлаус и г. Феликс Унгер, како и голем број амбасадори, функционери од Европската унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании и професори од реномирани светски универзитети.

Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, коешто низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.

Skola2

 
Start < Prev 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Next > End
Page 28 of 198