|
Претседателот Иванов во Скребатно по повод празникот Успение на Пресвета Богородица
|
|
Monday, 28 August 2017 14:52
|
|
|
There are no translations available.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, со сопругата г-ѓа Маја Иванова и синот Иван Иванов, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, присуствуваше на црковно-народниот собир во кругот на обновената црква „Успение на Пресвета Богородица" во село Скребатно, општина Охрид.
Претседателот Иванов им го честиташе големиот христијански празник на присутните верници и им посака празничниот ден да го поминат во добро здравје, радост и среќа.
|