Интервју со еден од предавачите на Школата за лидери, Мухамед Мешиќ за BBC - 27 август 2010
Полиглотот и младите лидери
На 26 години, тој е доктор по правни науки, вели дека течно зборува 12, а разбира уште 45 светски јазици. Меѓу нив и Хаида јазик кој го зборуваат малку повеќе од 50 луѓе на канадските острови Квин Чарлет. Себеси не се смета за ултраталентиран, туку повеќе како човек со мисија - она што е најлошо да го претвори во најдобро. Се вика Мухамед Мешиќ, роден е во Тузла во Босна Херцеговина, а деновиве пресојуваше во Македонија. Во разговорот за BBC тој одговараше на хебрејски, португалски, италијански, турски и македонски јазик...
„Повод за моето доаѓање во Македонија е поканата од Претседателот на државата, д-р Ѓорге Иванов, за да учествувам како еден од предавачите на обуката за млади лидери. Повеќе од 30 ентузијасти и по малку хиперактивни млади луѓе од целата држава се собраа во Охрид, каде одржав предавање на тема „Како да се биде лидер во хиперповрзан свет“. Малку зборував за она што се нови процеси во светот како „Фејсбук ефект“ како поврзување од кое може и мора да профитира евроатлантската иднина на Македонија.“
BBC: Има ли Македонија лидерски потенцијал во тие млади луѓе?
Мухамед Мешиќ: Гледам дека во Македонија има многу млади луѓе кои се заинтересирани за решавање на проблеми и на тешки ситуации во земјата. А во исто време се свесни дека мора да има лидерски потенцијал. Тоа е обврска, тоа е нешто што во Македонија е клучно прашање. Состојбата е таква што комплетната евроатлантска иднина на сите наши држави во регионот мора да биде одржлива. Среќен сум што гледам дека толкав број млади луѓе се обединуваат и се поврзуваат со сите актери во општеството.
BBC: Кои се вашите согледувања? Како ќе се одвива процесот на евроинтеграција на регионот на Западен Балкан во евроатлантските структури?
Мухамед Мешиќ: „Мислам дека ние сме по малку регион на изгубени шанси. Веќе петнаесет години од крајот на војната на овие простори малку е чудно од европска перспектива зошто ние не сме поактивни, зошто не сме позаинтересирани да тропаме на вратата на европската интеграција. Се губи интересот бидејќи ние се стабилизираме во овој наш „статус кво“. Среќен сум кога во одредени ситуации се покажува дека луѓето имаат интерес како во Македонија на пример. Земјата во минатото имаше пропуштени шанси но сепак на крајот Македонија е сериозен кандидат за членство во Европската Унија. Да не е проблемот со Грција за името мислам дека тоа би одело и побрзо. Сите сигнали што се праќаат од Брисел е дека државите од регионот треба да бидат лидери сами на себе. И мене ми е драго што можеме да учиме од Македонија која како и Босна и Херцеговина е сложено но функционално мултиетничко општество.“
BBC: Информациите што доаѓаат од Босна и Херццеговина и натаму зборуваат за премногу поделби по етничка линија. Има ли простор за некаква обединувачка сила?
Мухамед Мешиќ: Состојбата е тешка затоа што во денешна Босна и Херцеговина политичкиот и правниот систем по малку личи на „лудачка кошула“. Ние имаме преку сто министри, преку петстотини парламентарци. Тривијалните, најбаналните прашања се сведуваат на етнички интереси и во тоа се губи енергија и доаѓа до замор којшто ги дели луѓето. Затоа што тие мислат дека ако се раздвоени полесно ќе ги решаваат проблемите. Тоа е една политика која создава неправди и, она што е најлошо, ги игнорира вистинските потреби на луѓето. Во Босна и Херцеговина постои обединувачка сила, а тоа се граѓаните, обичните луѓе. Тие се свесни дека за нормален живот е потребна евроатлантската иднина на земја.
BBC: Дали во вакви услови има можност да се реализираат ултра-таленирани луѓе како вас?
Георг Вон Хабсбург е втор син и најмлад од сите 7 деца на последниот крунисан принц на монархијата, Ото Вон Хабсбург и принцезата Реџина од Мајнинген. Роден е 1964 година и сопруг на војвотката Илика Хелена од Олденбург со која имаат три деца. Овој брак всушност е единствениот и последен во семејството Хабсбург склопен според законите на нивната династија. Семејството Хабсбург секогаш биле силни поддржувачи на проширувањето на Европската унија. Георг Вон Хабсбург го наследил татко му Ото и во залагањата за европската интеграција на Македонија. Синот на последниот крунисан принц од династијата Хабсбург престојуваше во Охрид, каде под покровителство на претседателот Ѓорѓе Иванов се одржуваше Школата за млади лидери. Во интервјуто зборува не само за Македонија во ЕУ, туку и реформите кои ги спроведуваме, проблемот кој Грција го има со нашето уставно име, и за состојбите во ЕУ, за лошиот кредитен рејтинг на државите и за можноста од нов светски економски поредок.